Isaiah (30/66)  

1. Тешко им на непокорните синови, вели Господ, кои се советуваат, но без Мене, и склучуваат сојузи, но не според Мојот сух, за да додаваат грев врз грев:
2. а да не ја прашаат устата Моја, одат во Египет, за да се поткрепуваат со силата на Фараонот и да се сокријат под сенката на Египет.
3. Но силата Фараонова ке биде срам за вас, а засолништето под сенката на Египет - бесчестие;
4. зашто кнезовите негови веке се во Соан, а гласниците негови стигнале до Ханес.
5. Сите тие ке бидат посрамени заради народот, кој е бескорисен за нив; од него нема да има ни помош, ни корист, туку - срам и позор.
6. Натоварени животни одат кон југ, по земјата на гнетот и притеснувањето, од каде што излегуваа лавови и лавици, змии и змејови што летаат; тие ги носат на грбот на осли своите богатства и врз грбовите на камили - своите ризници кон народ, кој нема да ми донесе полза.
7. Зашто помошта од Египет ке биде залудна и без корист; затоа Јас им реков: нивната сила е да седат спокојно.
8. Сега оди, нацртај им го тоа на штичка, и запиши го во книга, за да остане за во иднина, засекогаш и довека.
9. Зашто тоа е народ непокорен, деца лажливи, деца, кои не сакаат да го слушаат законот Господов,
10. кои им говорат на јасновидците: "престанете да предвидувате", и на пророците: "не ни пророкувајте правда, говорете ни ласкаво, претскажувајте го она што ни е пријатно;
11. слезете, тргнете се од патеката; отстранете го од очите наши Светецот Израилев."
12. Затоа вака вели Светецот Израилев: бидејки вие го отфрливте тоа слово, а се надевате на измама и неправда, и се облегнувате на тоа,
13. затоа ова беззаконие ке биде за вас како пукнатина надвисната за да падне, чие уривање ке стане ненадејно, во еден миг.
14. И Он ке ја скрши, како што кршат глинен сад, разбивајки го немилосрдно, така што во кршот да не се најде ни парченци, со кое да се земе оган од огниште, или да се зафати вода од вир;
15. зашто вака вели Господ Бог, Светецот Израилев: "Ако останевте на местото и мирувавте, ке се спасевте; во тишината и надежта е ваша сила, но вие не сакавте
16. и велевте: ‘не, ние ке избегаме на коњи‘, - затоа и ке бегате; ‘ние со брзи коњи ке избегаме‘ - затоа и оние што ве гонат, ке бидат брзи.
17. Од стравот на еден иљада ке бегате, од стравот на петмина ке бегате така, што вашиот остаток ке биде како граничен знак на врвот од планината и како знаме на рид."
18. И затоа Господ не брза да ве помилува, и затоа уште се воздржува, за да се смили над вас; зашто Господ е Бог на правдата - блажени се сите што се надеваат на Него!
19. Народот ке живее во Сион, во Ерусалим; ти нема многу да плачеш, Бог ке те помилува, по гласот на твојот плач, и штом ке го чуе, - ке ти одговори.
20. И ке ви даде Господ леб кога сте во мака и вода по потреба; твојот Учител нема повеке да се крие, а очите твои ке Го гледаат твојот Учител;
21. аки свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ке го слушаат словото, кое говори зад вас - ете го патот, врвете по него!
22. Тогаш ке ги сметаш за одвратност излиените од твое сребро идоли и опковани од твое злато кипови; ти ке ги фрлиш како нечистотија; ке им речеш - иставете се оттука.
23. И Он ке даде дожд врз твоето семе, со кое ке ги засееш нивите, а лебот, што го ра а земјата, и тој ке биде изобилен и вкусен; стадата твои во тој ден ке пасат по широки пасишта.
24. Воловите и ослите, што ги обработуваат нивните, ке јадат посолена крма, исчистена со лопата и веалка.
25. По секоја висока гора и по секој издигнат рид ке потечат бразди, потоци вода, во денот на големиот пораз, кога ке паднат кулите.
26. И светилната на месечината ке биде како светлина на сонцето, а светлината на сонцето ке биде седумпати посветла, отколку светлина на седум дена, во тој ден, кога Господ ке ја преврзе раната на Својот народ и ке ги излекува неговите рани.
27. Ете, името на Господа иде од далеку; гневот Негов гори, пламенот Негов е силен; устата Негова е полна со негодување, а јазикот Негов е како оган, што голта;
28. дишењето Негово е како разлеан поток, кој се крева дури до вратот, за да ги просее народите до истоштување; и во челустите на народите ке има узда, што ке ја упатува кон заблуда.
29. А кај вас ке има песни, како преку нокта на свештен празник, и веселба во срцето, како кај оној што оди со свирка на гората Господова, кон тврдината Израилева.
30. И ке загрми Господ со Својот величествен глас и ке им го покаже замавот на Својата мишка со силен гнев и со пламен огнен, кој се проголтува, во бура, во силен дожд и во град.
31. Зашто од гласот на Господа ке стрепен Асур, поразуван со жезло.
32. И секое движење спрема определениот му жезол, кој Господ ке го управи против него, ке биде со тимпани и гитари, и Он ке оди на опустошувачка војна против него.
33. Зашто Тофет веке одамна е подготвен; тој е подготвен и за царот - длабок и широк; во кладата негова има многу оган и дрва; здивот на Господа, како поток од сулфур, ке го запали.

  Isaiah (30/66)