Isaiah (3/66)  

1. Ете, Господ, Господ Саваот ке го одземе од Ерусалим и од Јуда жезалот и помошта, секоја поткрепа во леб и вода,
2. храбар водач и војник, судија и пророк, јасновидец и старец,
3. петдесетник и големец, советник, мудар уметник и вешт гатач.
4. Kе им дадам момчиња за началници, и деца ке владеат над нив.
5. а во народот еден ке угнетува друг, и секој својот ближен; момче бесрамно ке се прави голем пред старец и простак - пред големец.
6. Тогаш човек ке се фати за братот свој, во челадта на татка си свој и ке рече: "Ти имаш облека, биди ми водач, и овие урнатини нека бидат под твоја рака."
7. А тој со клетва ке рече: "Не можам да ги излекува раните на народот; и во мојата кука нема ни леб, ни облека: не правете ме водач на народот."
8. Така пропаднал Ерусалим, и падна Јуда, зашто јазикот нивни и делата нивни се против Господа, навредливи пред очите на Неговата слава.
9. Изразот на лицето нивно сведочи против нив, а за гревот свој тие кажуваат отворено, како содомците, не кријат: тешко на душата нивна! Сами на себеси навлекуваат зло.
10. Кажете му на праведникот: "Блазе му, зашто тој ке ги јаде плодовите на делата свои;
11. а на беззаконикот - тешко нему, оти ке има отплата за делата на рацете свои.
12. Притеснители на Мојот народ се децата, и жени вадеат над него. Народе Мој, твоите воедачи те доведуваат до заблуда и го растуриле патот, по кој одиш."
13. Се крена Господ на суд - и стои, за да им суди на народите.
14. Господ влегува во суд со старешините на Својот народ и со неговите кнезови: вие го опустошивте лозјето; ограбеното од сиромасите е во вашите куки.
15. "Зошто го притеснувате народот Мој и ги угнетувате сиромасите?" вели Господ, Господ Саваот.
16. Потоа рече Господ: "Поради тоа што керките сионски се гордеат и одат со исправени вратови, што освојуваат со погледите, и ситно одат и со веришки на нозете тропкаат."
17. Господ ке го оголи темето на керките сионски, и ке го открие срамот нивни;
18. во оној ден Господ ке ги одземе убавите веришки на нозете, секакви sвездички и месечинки,
19. обетки, ерданчиња и ладила,
20. превези, гривни и појаси, стакленца со мириси и уметнички украси,
21. прстење и алки за нос,
22. горна облека и долна, шамичиња и уметнички украси,
23. светли тенки наметки, забратки и покривала.
24. И наместо пријатен мирис ке има смрад и место појас - јаже, место кадрени коси - келави глави, неместо широка наметка - тесно врекиште, место убавина - жигосување.
25. Мажите твои ке паднат од меч, а јунаците твои во битка,
26. и портите на престолнината ке воздивнуваат и ке плачат, а таа ке седи напуштена на земјата.

  Isaiah (3/66)