Isaiah (29/66)  

1. Тешко му на Арил, на градот Арил, каде што живееше Давид! Притурете година врз година; нека колат жртви.
2. Но Јас ке го притеснам Арил; и ке има плач и тагување; тој ке остане при Мене како Арил.
3. Kе се сместам на логорување околу тебе и ке те стаснам со набљудувачка стража, ке подигнам против тебе тврдини.
4. И ке бидеш понизен, ке говориш како од под земја, и зборот твој ке биде глув како говор од под прав, и гласот твој ке биде како глас на оној што говори од стомак, и зборот твој ке се шепоти од под правот.
5. Многу твои непријатели ке бидат како ситен прав, а множеството угнетувачи - како развеана плева; и тоа ке стане ненадејно, во еден миг.
6. Господ Саваот ке те посети со гром и потрес, со силен глас, со бура и виор, со пламен од оган што голта се.
7. И како сон, како нокно видение во сон ке биде мноштво од сите народи, што војуваат против Арил, од сите, излезени против него и тврдините негови, и од оние, што го притесниле.
8. И како што гладен сонува, дека божем јаде, но се разбудува, и душата му е празна; и како што жеден сонува дека божем пие, но се разбудува, и ете се мачи, и душата му е жедна: истото ке стане и со множеството од сите народи, што војуваат против гората Сион.
9. Чудете се и восхитувајте се: тие ги ослепија другите, и сами ослепеа; тие се пијани, но не од вино, - се занесуваат, но не од сикер;
10. зашто Господ испрати врз вас дух на успивање и ги затвори вашите очи, о пророци, и ги сокри вашите глави, о јасновидци!
11. И секое пророштво за вас е она исто, што се зборовите во запечатената книга, што му ја даваат на оној, кој знае да чита книга, и велат: "Прочитај ја", а тој одговара: "не можам, зашто е запечатена."
12. И му ја даваат книгата на оној, кој не знае да чита, и велат: "Прочитај ја"; и тој одговара: "Не знам да читам."
13. И рече Господ: "Бидејки овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило;
14. затоа, ете, Јас ке постапам пак необично со овој народ, чудно и чудесно, така што мудроста на мудреците негови ке загине, и разум во разумните нема да има.
15. Тешко на оние што мислат да се сокријат во длабочината, за да го скријат кроежот од Господа, кои ги вршат делата свои во мрак и велат: "кој ке не види, и кој ке не дознае"?
16. Каква неразумност? Можеме ли да го сметаме грнчарот за глина? Kе каже ли делото за оној што го направил: тој ме направи? И ке каже ли направеното за мајсторот свој: тој не разбира?
17. Уште малку, сосема малку, и Ливан нема ли да се претвори во градина, а градината нема ли да се претвори во гора?
18. И во тој ден глувите ке ги чујат зборовите од книгата, и очите на слепите ке прогледаат од темнината и мракот.
19. И оние што страдаат, се повеке и повеке ке се радуваат во Господа, а сиромасите и бедните лу е ке воскликнуваат во Светецот Израилев;
20. зашто нема повеке да има силник, хулител ке исчезне; а ке бидат истребени и сите што смислуваат зло,
21. кои го збркуваат човекот со зборови и му распнуваат мрежи на оној, кој бара суд кај портите и го отфрлаат правиот.
22. Затоа така вели Господ за Јакововиот дом, Оној, Кој го откупи Авраама: тогаш Јаков нема да биде во срам и лицето негово веке нема да побледува.
23. Зашто кога ке ги види околу себе децата свои, дело на Моите раце, тој свето ке го почита името Мое и свето ке го почитува Светецот Јаковов, со трепет ке стои пред Бога Израилев.
24. Тогаш оние што се со духот заблудени ке ја познаат мудроста, и непокорните ке се вразумат.

  Isaiah (29/66)