Isaiah (28/66)  

1. Тешко му на венецот, со кој се гордеат пијаниците Ефремови! Тешко му на свенатото цвеке - негов гиздав украс - цвеке среде на убрената долина на замаените од вино!
2. Ете, јакиот и силниот во Господа како пороен дожд со град, како погубна луња, како разлеана поплава од бурни води, со рака ке ги обори сите на земја.
3. Со нозе се гази венецот, со кој се гордеат Ефремовци.
4. И со свенатото цвеке - неговиот гиздав украс - цвеке среде на убрената долина, станува истото, како што станува со смоквата, рано узреана: штом некој ке ја види, веднаш ја зема в рака и ја каснува.
5. Во тој ден Господ Саваот ке биде убав венец и славна круна за остатокот од Својот народ.
6. Дух на правосудие за оној што седи во судот и машкот за оние, кои го отфрлуваат непријателот до портите.
7. Но и тие се нишаат од виното и го збркуваат патот свој од сикер: свештеник и пророк се препнуваат од силни пијалоци; победени се од вино, избезумени од сикер, во гледањето се збркуваат во судењето се сопнуваат.
8. Зашто сите трпези се полни со одвратни повракања, нема чисто место.
9. А велат: "Кого сака тој да учи на знаење, и кога да вразумува со проповед? Дали деца, кои се одбиени од градно млеко, одделени од мајчините гради?
10. Зашто се е заповед врз заповед, заповед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку и таму малку."
11. Оти со неразбирлив говор и на ту јазик ке му зборуваат на тој народ.
12. Им говореа: "Еве одмор, дајте му одмор на изморениот, и ете му одмор." Но тие не сакаа да слушаат.
13. И стана во нив според словото Господово: заповед врз заповед, заповед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку, таму малку, - така што тие ке отидат, ке паднат ничкум и ке се разбијат, ке паднат во стапица и ке бидат уловени.
14. И така, слушајте го словото Господово, хулители, управници на овој народ, кој е во Ерусалим.
15. Бидејки говорите: "Сме склучиле сојуз со смртта и со пеколот сме направиле договор: кога ке минува камшикот, кој поразува се, тој нема да дојде до нас, оти лагата ја направивме наше засолниште и со измама ке се прикриеме", -
16. затоа вака вели Господ Бог: "Ете, Јас полагам во основата на Сион камен, - камен испитан, аголен, скапоцен, темелен: кој верува во него, нема да се посрами.
17. Kе поставам суд за мерило и теразија за правдата; градот ке го истреби засолништето на лагата, и води ке го потопат местото на заклонот.
18. И сојузот ваш со смртта ке биде уништен, договорот ваш со пеколот нема да остане. Кога ке мине камшикот, кој поразува се, вие ке бидете згазени.
19. Штом ке мине тој, ке ве фати; а тој ке оди секое утро, дење и ноке и само слухот за него ке предизвикува ужас."
20. Многу кратка ке биде постелката, за да се протега; многу тесна и покривката, за да се завитка со неа.
21. Зашто Господ ке се крене, како на гората Ферасим; ке се разгневи, како во Гаваонската долина, за да го изврши делото Свое, необично дело, и да ја заврши работата Своја, Своја чудна работа.
22. И така, не потсмевајте се, за да не станат оковите ваши поцврсти; зашто јас чув од Господа, Бога Саваот, дека е одредено истребување за целата земја.
23. Приклонете го увото и полушајте го гласот мој; бидете внимателни, ислушајте ја речта моја.
24. Земјоделецот секогаш ли ора, за да посее, секогаш ли ора бразди и ја израмнува земјата своја?
25. Не, откако ке и го израмни лицето, тој сее граор, распрскува ким или фрла пченица, на редови и јачмен во определеното место, а најпосле ‘рж по сртовите.
26. И на таков ред го учи неговиот Бог; Он го упатува.
27. Зашто не вршат граор со чукање, ниту тркалата што вршат го газат кимот; туку со стап го чукаат граорот, и со стап го чукаат и кимот.
28. Житото го вршат, но не го дробат; пуштаат преку него вршечки колца со коњи, но не го смачкуваат.
29. И тоа станува од Господа Саваот: чудни се неговите судови, голема е Неговата премудрост!

  Isaiah (28/66)