Isaiah (27/66)  

1. Во тој ден Господ ке го порази со Својот тежок, со Својот голем и јак меч левијатанот - змејот што лета, а левијатанот - лукавиот змеј и ке го убие морското чудовиште.
2. "Во тој ден запејте за Него - за саканото лозје."
3. Јас, Господ, сум негов чувар, во секој миг го напојувам; ноке и дење го вардам, за да не влезе некој во него.
4. Гнев нема во Мене. Но ако некој Ми покаже во него трње и боцки, ке кренам против него војна, ке го изгорам сосема, -
5. освен, ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене.
6. Во идните дни Јаков ке се вкорени; Израил ке пушти гранки и ке расцути; и вселената ке се исполни со плодови.
7. Така ли го поразуваше Он, како што ги поразуваше оние, кои него го поразуваа? Така ли ги убиваше, како што се убивани оние, кои него го убиваа?
8. Со мерка го казнуваше Ти, кога го отфрлаше; исфрли го со силниот Свој здив, како во ден на источен ветар.
9. И преку тоа ке се избрише беззаконието на Јакова; а плод од тоа ке биде: ке се симне гравот од него, кога сите камења од жртвениците ке ги претвори во грутка вар, нема повеке да стрчат млади шуми и идоли на сонцето.
10. Затоа утврдениот град ке запустее, живеалиштата ке бидат напуштени и зафрлени како пустиња. Таму ке пасе теленце, таму ке лежи и ке ги подјадува гранчињата негови.
11. Кога гранките ке му се исушат, ке ги искршат; ке дојдат жени и ке ги изгорат. Бидејки тој народ е неразумен, Творецот негов нема да го сожали, Создателот нема да го помилува.
12. Но во тој ден Господ ке растресе се од големата река до потокот Египетски, а вие, синовите Израилеви, ке бидете собрани еден до друг;
13. во тој ден ке затруби голема труба, и ке дојдат оние што се загубиле во Асирската земја и прокудените во Египетската земја и ке Му се поклонат на Господа на светата гора во Ерусалим.

  Isaiah (27/66)