Isaiah (26/66)  

1. Во тој ден ке биде испеана во земјата Јудина оваа песна: "Градот ни е јак, место sидини и опкопи Бог ни даде спасение.
2. Отворете ги портите; нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината.
3. Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева.
4. Недевајте се на Господа за секогаш, зашто Господ Бог е вечна тврдина;
5. Он ги собори оние, што живееја на високо; - градот, што стоеше виско го собори, го кутна на земја, го фрли во прав.
6. Нога го гази, нозете на сиромавиот, стапките на бедните.
7. Патот на праведниот е прав; Ти ја израмнуваш неговата патека.
8. На патот на Твоите судови, Господи, ние на Тебе се надеваме; душата наша се стремеше кон Твоето име и кон споменот за Тебе.
9. Со душата своја се стремевме кон Тебе ноке, и со духот свој ке Те бараме во внатрешноста своја од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда.
10. Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, - ке злодејствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово.
11. Господи! Раката Твоја беше високо крената, но тие не ја видоа; ке видат и ке се посрамат оние, што го мразат Твојот народ; оган ке ги голтне Твоите непријатели.
12. Господи! Ти ни даруваш мир, зашто и сите наши дела Ти ги уредуваш за нас.
13. Господи, Боже наш! Други господари, освен Тебе, владееле над нас; но само преку Тебе ние го славиме Твоето име.
14. Мртвите нема да оживеат; нивните сенки нема да станат, зашто Ти ги посети и истреби, го уништи секој спомен за нив.
15. Ти го намножи народот, Господи, го намножи народот. - Се прослави Себе Си, ги рашири сите земни граници.
16. Господи, бидејки во беда, тие Те бараа; изливаа тивки молитви, кога ги стигнуваше Твојата казна.
17. Како непразна жена, кога ке се ра а, се мачи, вика од болки, така бевме ние пред Тебе, Господи.
18. Бевме непразни, се мачевме, - и како да ра авме ветар; спасение не и достививме на земјата, и други жители во вселената не се појавија.
19. Твоите мртовци ке оживеат, мртвите тела ке воскреснат! Разбудете се и ликувајте вие, соборените во прав; зашто Твојата роса е роса на растенијата, и земјата ке ги исфрли мртовците.
20. Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот;
21. зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жителите земни за нивното беззаконие, и земјата ке ја открие голтнатата од неа крв и повеке нема да ги крие своите убиени."

  Isaiah (26/66)