Isaiah (25/66)  

1. Господи, Ти си Бог мој; ке Ти возвеличам, ке го восфалам името Твое, зашто си извршил премудри дела; определени во старо време и вистинити. Амин.
2. Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина - во урнатини; нема повеке во градот дворци на другоплеменици; никогаш нема да биде востановен.
3. Затоа ке Те прославуваат силните народи; градовите на страшните племиња ке се плашат од Тебе;
4. оти Ти беше прибежиште на сиромавиот, прибежиште на немокниот во тешко време за него, заштита од бура, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на бура против карпа.
5. Ти го скроти бујствувањето на непријателите, како припек - во безводно место; веселбата на угнетувачите е задушена, како припек - сенка од облак.
6. И Господ Саваот ке стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски и најчисти вина;
7. врз таа планина ке ја уништи покривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња.
8. Смртта ке биде проголтана за секогаш, ке ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ке го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.
9. И ке речат во тој ден: "Еве, Он е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Он не спаси! Он е Господ; Него Го чекавме; да се возрадуваме и развеселиме за спасението од Него!
10. Оти раката на Господа ке почива врз таа планина, и Моав ке биде прегазен на местото свое, како што се гази слама на буниште."
11. И макар што ги размавна среде него рацете Свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ке ја понизи гордоста негова заедно со лукавството на рацете негови.
12. И ке ја собори, ке ја разруши тврдината со твоите високи sидишта, ке ја кутне на земја, во прав.

  Isaiah (25/66)