Isaiah (23/66)  

1. Пророштвото за Тир. - Плачете тарсиски кораби, зашто тој е разрушен: нема куки и нема кој да влегува во куките. Тоа им беше соопштено од земјата Китијска.
2. Молкнете жители на островот, што го полнеа сидонските трговци, пловејки по море.
3. По големи води се пренесуваат во него житата на Сихор, жетвата на големата река; тој беше пазариште на народите.
4. Засрами се, Сидоне: зашто, еве што вели морето, морската тврдина: како да не сум се мачела со родилни маки и да не сум ра ала, како да не сум одгледувала момци, ниту израснувала моми.
5. Кога ке стигне веста до Египјаните, тие ке затреперат што ке чујат за Тир.
6. Преселувајте се во Тарсис, плачете, жители на островот!
7. Тоа ли е вашиот град кој ликува, чиј почеток е од древните дни? Нозете негови го носат, да се скита далеку во ту ина.
8. Кој го одреди тоа за Тир, што раздаваше венци, чии купувачи беа кнезови, а трговците негови - најпрочуени во земјата?
9. Господ Саваот го одреди тоа, за да посрами секоја горда слава, за да ги понизи сите најпрочуени во земјата.
10. Оди по земјата своја, тарсиска керко, како реката: нема повеке пречки.
11. Он ја протегна раката врз морето, затресе царства; Господ додаде повелба за Ханан - да ги разруши тврдините негови,
12. и рече: "Нема повеке да ликуваш, посрамена девице, керко Сидонска, оди во Китин, но и таму нема да имаш мир.
13. Ете ја земјата на Халдејците. Тој народ постојано го немаше; Асур му стави почеток од пустински жители. Тие ги издигаа кулите свои, ги соборуваат дворците негови, го претвораат во урнатини.
14. Плачете, кораби тарсиски, зашто вашата тврдина е разрушена.
15. И во тој ден ке го заборават Тир за седумдесет години, колку се деновите на еден цар. А по седумдесет години ке се пее за Тир, како што се пее за блудница:
16. "Земи гитара, тргни по градот, блуднице заборавена! Свири убави, пеј многу песни за да се секаваат на тебе."
17. И ете, по седумдесет години Господ ке го посети Тир; и тој пак ке земе да ја добива печалбата своја и ке блудствува со сите земни царства по целата вселена.
18. Но трговијата негова и печалбата му ке бидат посветувани на Господа; нема да бидат затворени и натрупани во клетви, зашто печалбата од трговијата негова ке преминува на оние што живеат пред лицето на Господа, за да јадат до наситување и да имаат трајни облеки.

  Isaiah (23/66)