Isaiah (20/66)  

1. Во годината, кога Тартан дојде во Азот, бидејки беше пратен од асирскиот цар Саргон и војуваше против Азот и го презеде, -
2. во исто тоа време Господ Му кажа на Исаија, Амасовиот син, вака: "Оди и симни го врекиштето од бедрата свои и собуј ги обувките од нозете свои." Така и направи: одеше гол и бос.
3. Тогаш рече Господ: "Како што слугата Мој Исаија оди гол и бос три години, како знак и означување кон Египет и Етиопија, -
4. така асирскиот цар ке поведе заробеници од Етиопија, млади и стари, голи и боси и со разголени бедра, за срам на Египет.
5. Тогаш ке се вxашат и засрамат поради Етиопја, нивната надеж, и поради Египет, со кој се фалеа.
6. И во тој ден жителите ке речат за онаа земја: "Ете какви биле оние, на кои се надевавме и при кој прибегнавме за помош, за да се спасиме од асирскиот цар! И како сакавме да се спасиме?"

  Isaiah (20/66)