Isaiah (2/66)  

1. Слово, откриено во видението на Амосовиот син Исаија, за Јудеја и Ерусалим.
2. И ете, во последните дни гората на домот Господов ке биде поставена на врвот од планините и ке се возвиси над ридовите, ке појдат кон неа сите народи.
3. Kе тргнат многу народи и ке речат: "Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ке не научи на Своите патишта, и ке одиме по патеките Негови; зашто од Сион ке излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово."
4. И ке им суди Он на народите и ке изобличи многу племиња; ке ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема поеке да се учат на војна.
5. О, доме Јаковов! Дојдете, ке одиме во Господовата светлина.
6. Но Ти го отфрли Својот народ, домот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла и маесници си имаат како Филистејците, и општат со синови на ту инци.
7. Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се исполни земјата негова со коњи, колите негови број немаат.
8. Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изработка од своите раце, на она што нивните прсти го направиле.
9. Си поклонува ли човек, и се понижува ли маж - не простувај им.
10. Влези во карпата и сокриј се во земјата од страв пред Господа и од славата на Неговото величие.
11. Ничкум ке паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај лу ето, ке се понизи; а само Господ ке стои високо во тој ден.
12. Зашто иде денот на Господа Саваот против се што е гордо и надуено и против се што е превознесено, - и тоа ке биде понизено, -
13. против сите кедри ливански, високи и величествени, и против сите дабови васански,
14. против сите високи гори и против сите ритчиња што се издигаат,
15. против секоја висока кула и против секоја цврста sидина,
16. против сите тарсиски кораби и против сите нивни украси.
17. И ке падне човечкото величие, она што е високо кај лу ето ке се понизи; само Господ ке стои високо во тој ден,
18. а идолите сосема ке исчезнат.
19. И ке влезат лу ето во карпести пештери и во земни јами од страв пред Господа и од славата на неговото величие, кога ке се крене Он да ја разруши земјата.
20. Во тој ден човекот ке ги фрли своите сребрени и своите златни идоли, што ги направил за да им се клања,
21. за да влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господа и од славата на Неговото величие, кога ке се крене Он да ја разруши земјата.
22. Престанете да се надевате на човек, чие дишење е во ноздрите негови, зашто - што знае тој?

  Isaiah (2/66)