Isaiah (19/66)  

1. Пророштвото за Египет. Ете, Господ ке седне на лесен облак и ке дојде во Египет. И пред лицето Негово ке затреперат идолите египетски, а срцето на Египет ке се стопи во него.
2. Kе вооружам Египтјани против Египтјани, - и ке се бијат брат против брат и пријател против пријател, град со град, царство со царство.
3. Духот на Египет ке изнемошти во него, ке ги разруши намерите негови, - и ке прибегнат тие кон идоли и ма есници, кон оние што повикуваат мртовци и кон бајачи.
4. Kе ги предадам Египтјаните во рацете на жесток владетел, свиреп цар ке владее над нив, - вели Господ, Господ Саваот.
5. И водите во морето ке исчезнат, реката ке секне и ке пресуши;
6. реките ке намалат, каналите египетски ке станам малуводни и ке се исушат; рогозината и трската ке овенат.
7. Нивите крај реката, по бреговите на реката, и се што е посеано крај реката - ке се исуши, ке биде развеано и ке исчезне.
8. И ке заплачат рибари, ке викаат сите што фрлаат јадици во реката, што поставуваат мрежа во водата, сите ке бидат очаени;
9. ке се вознемират оние, што обработуваат лен и што ткаат бели платна;
10. мрежите ке бидат скинати, и сите што држат рибници за жива риба - ке паднат со духот.
11. Да! Се избезумија кнезовите танесови; советот на мудрите фараонови советници стана безумен. Како ке му кажете на Фараонот: "Јас сум син на мудреците, син на древните цареви?"
12. Каде се тие? Каде се твоите мудреци? Нека ти кажат тие сега; нека дознаат што определил Господ Саваот за Египет?
13. Се избезумија кнезовите танесови; се измамија кнезовите мемфиски, го свртија Египет од патот на водачите на неговите племиња.
14. Господ спроведе во него зашеметен дух, - го доведоа Египет во заблуда во сите негови дела, како пијан кога поврака.
15. И нема да има во Египет такво дело, кое би можеле да го извршат главата и опашката, палмата и трската.
16. Во овој ден Египтјаните ке бидат како жени; ке затреперат и ке се уплашат од движење на раката на Господа Саваот, што Он ке ја крене против нив.
17. Земјата Јудина ке стане ужас за Египет, кој се секава не неа, тој ке затрепери од решението на Господа Саваот, што го определил Он за него.
18. Во оној ден пет града во Египетската земја ке говорат на ханански јазик, и ке се колнат во Господа Саваот; едниот ке се нарече град на сонцето.
19. Во оној ден ке има жртвеник на Господа среде Египетската земја и споменик на Господа - во нејзините предели.
20. Тој ке биде знак и сведоштво за Господа Саваот во Египетската земја, зашто тие ке викаат кон Господа од потисниците, и Он ке им донесе спасител и застапник, и ке ги спаси.
21. И Господ сам ке се јави во Египет; во тој ден Египтјаните ке Го познаат Господа и ке принесат жртви и дарови, ке Му дадат верувања на Господа и ке ги исполнат.
22. И ке го порази Господ Египет - ке го порази и ке го исцели: тие ке се обрнат кон Господа - и Он ке ги чуе и ке ги исцели.
23. Во тој ден ке има широк пат од Египет до Асирија; и Асур ке доа а во Египет и Египтјани во Асирија; и Египтјани заедно со Асиријците ке Му служат на Господа.
24. Во оној ден Израилот ке биде трет со Египет и со Асирија; благослов ке има на земјата,
25. која Господ Саваот ке ја благослови, велејки: "Благословен да е Мојот народ - Египтјаните делото на рацете Мои - Асиријците, и наследството Мое - Израилот.

  Isaiah (19/66)