Isaiah (17/66)  

1. Пророштворо за Дамаск - ете, Дамаск се исклучува од бројот на градовите и ке биде куп од урнатини.
2. Градовите Ароирски ке бидат напуштени, - ке останат за стадата, што ке си почиваат таму и нема да има кој да ги плаши.
3. Неме да има повеке Ефремова тврдина, ни дамаско царство и остатокот од Сирија; со нив ке стане исто, што стана со славата на синовите Израилеви, вели Господ Саваот.
4. Во оној ден ке се намали славата на Јакова, и полното тело негово ке ослабне.
5. Исто онака ке биде по собраното живо од жетварот, кога раката негова ке ги ожнее класовите и кога ке ги соберат класовите во Рефаимската долина.
6. И ке останат во него, како што станува при тресење маслинки, две - три зрна да остана на самиот врв или четири - пет на плодните гранки, вели Господ, Бог Израилев.
7. Во оној ден ке го сврти човек погледот свој кон својот Создател, очите негови ке бидат управени кон Светецот Израилев;
8. и нема да сврти очи кон жртвениците, дело на рацете свои; нема да го погледне она што го направиле прстите негови, идолите на Астарта и Ваал.
9. Во оној ден утврдените негови градови ке бидат како урнатини во гори и по планински врвови, оставени пред синовите Израилеви и се ке биде пусто.
10. Зашто ти Го заборави Бога на твоето спасение, не се секаваше на карпата на твоето засолниште; затоа ти си уредил градини за веселби и си насадил прачки во ту и лозја.
11. Во денот, кога садеше, ти се грижеше насаденото да расте, и посеаното од тебе да цути; но во денот кога ке собираш, ке нема куп жетва, туку голема жалост.
12. О, шум од многу народи! Шумат тие како што шуми морето. Викање на племиња! Викаат тие како што рикаат бујните води.
13. Викаат народите како што рикаат бујните води; но Он ги заплаши, - и тие избегаа далеку; беа разгонети како плева по планините од ветар и како прав од виор.
14. Вечерта - и ете ти ужас, но пред утрото веке го нема. Таков е делот на нашите грабачи, жребот за нашите разрушители.

  Isaiah (17/66)