Isaiah (16/66)  

1. Испракајте јагниња за владетелот на земјата, испракајте од Села во пустињата кон планинатана керката Сионова;
2. зашто керките на Моав при Арнонските бродови ке бидат слични на птица скитница, исфрлена од гнездото.
3. "Свикајте совет, донеси решение; засенчи не со сенката своја среде пладне како ноке, прикриј ги истераните, не ги предавај скитниците.
4. Нека поживеат кај тебе моите истерани Моавци; биди им закрила од грабачи: зашто угнетувачот - нема да го пуштам; грабежот ке престане, потисниците ке исчезнат од земјата.
5. И престолот ке се утврди со милост, и на него ке седне со верност, во Давидовиот шатор, судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие."
6. "Сме слушале за Господа на Моав, прекумерна гордост, за неговата надуеност и високомерност и за неговото беснеење: неискрен е зборот негов."
7. Затоа Моав ке заплаче за Моав, - сите ке плачат: ридиштата за тврдините за Крихарешет: тие се наполно разурнати.
8. Есевонските полиња се исушија, како и севаимското лозје; големците на народите ги истребија најдобрите лозја, кои достигнаа до Језер, се простираа по пустињата; ластарите се ширеа, преминуваат од онаа страна на морето.
9. Поради тоа јас ке плачам за лозјата севаимски со плачот на Јазера, ке ги облевам со солзите свои, Есевоне, и Елеало; зашто по твојот гроздобер и по твојата жетва нема повеке шумна радост.
10. Исчезна од плодоносната земја радоста и веселбата, по лозјата не пеат ниту се радуваат; лозарот не гмечи грозје во садови: Јас ги прекратив веселбите.
11. Затоа мојата внатрешност стенка по Моав како гусле, а срцето мое за Кирхарешет.
12. Но и да се јави Моав и до умор да оди по идолските светилишта, и да дојде при светилиштето свое, да се моли, пак ништо нема да му помогне.
13. Тоа е словото, кое Господ одамна го беше искажал за Моава.
14. А сега вака вели Господ: "По три години, сметајки наемнички години, величието на Моав ке биде понизено со сето големо множество негово, а остатокот ке биде многу мал и незначаен."

  Isaiah (16/66)