Isaiah (13/66)  

1. Пророштво за Вавилон, што го изрече Исаија, синот Амосов.
2. Кренете знаме на гола планина, издигнете глас, мавнете им со рака да навлезат низ кнезовските порти.
3. Јас им дадов повелба на Моите избраници и ги повикав да го исполнат гневот Мој моите јунаци, кои се радуваат на величието Мое.
4. Голем шум има по планините, како божем од многуброен народ, бунтовен шум на царства и народи, собрани заедно, Господ Саваот ја прегледува готовата војска за војна.
5. Идат од далечна страна, од крајот на небото, Господ и орудијата на Неговиот гнев, за да ја сотрат целата земја.
6. Липајте, зашто денот Господов е близу, - иде како разурнувачка сила од Семокниот.
7. Затоа рацете на сите отпаднаа, срцето на секој човек се стопи.
8. Тие се ужасија, грчеви и болки ги опфатија; се мачат како родилка, зашеметени гледаат едни во други, лицата им пламнаа.
9. Ете, денот Господов доа а лут, со гнев и пламната јарост, за да ја претвори земјата во пустиња и да ги истреби од неа грешниците нејзини.
10. Sвездите небески и светилата нема да даваат од себеси светлина; сонцето се замрачува при изгревањето свое; и месечината не свети со светлината своја.
11. Јас ке го казнам светот за злото, и нечесните - за нивните беззаконија; ке го премавнам високоумството на гордите и ке ја понизам надуеноста на угнетувачите;
12. ке направам така, што лу ето да бидат поскапи од чисто злато, а мажите - поскапи од офирско злато.
13. Затоа ке го затресам небото, земјата ке се помести од местото свое поради јароста на Господа Саваот, во денот на пламнатиот гнев Негов.
14. Тогаш секој како подгонета срца и како напуштени овци ке се обрне кон народот свој, секој ке избега во земјата своја.
15. На кого ке му се падне, ке биде пронизан; и кого ке го фатат, ке загине од меч.
16. Новороденчињата нивни ке бидат смачкани пред очите нивни; куките нивни ке бидат разграбени, и жените нивни обесчестени.
17. Ете, Јас ке ги кренам против нив Мидјаните, кои не го ценат среброто и не лакомат за злато.
18. Нивни лакови ке ги поразат младите и нема да сожалат ни плод во утроба; очите нивни нема да се смилуваат на децата.
19. И Вавилон, украсот на царствата, гордоста на Халдејците, ке биде соборен од Бога, како Содом и Гомор,
20. нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род; нема Арабиец да го распне шаторот свој, овчари таму со стадата свои нема да пладнуваат.
21. Но во него ке живеат sверови; бувови ке се населат во нивните домови, и бесови ке потскокнуваат и ке играат.
22. Шакали ке вијат во дворците нивни и хиени во домовите за веселба. А ке дојде неговото време, близу е, деновите негови нема да задоцнат."

  Isaiah (13/66)