Isaiah (12/66)  

1. Во оној ден ке речеш: "Kе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши.
2. Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се плашам; зашто Господ е мојата сила, Господ е мојата песна; Он ми е спасение.
3. Тогаш со радост ке црпите вода од изворите на спасението,
4. во тој ден ке речете: "Славете Го Господа, повикувајте Го името Негово; разгласувајте ги ме у народите делата Негови; напомнувајте дека името Негово е големо;
5. пејте Му на Господа, зашто Он направил нешто големо - нека го знаат тоа по целата земја.
6. Весели се и радувај се, жителко Сионова, зашто, голем е ме у тебе Светецот Израилев."

  Isaiah (12/66)