Isaiah (11/66)  

1. И ке потера фиданка од Јесеевата пењушка, и стебло ке израсне од нејзиниот корен;
2. ке почива врз Него Дух Господов, дух на премудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и благочестивост;
3. ке се исполни со страв Господов, ке суди, не според тоа како што очите Негови гледаат; и ке ги решава делата, не според тоа како што ушите Негови слушаат.
4. Он ке им суди на сиромасите по правда, и делата на страдалците во земјата ке ги решава според вистината; со зборот од устата Своја ке ја порази земјата, со дишењето на устата Своја ке го убие нечесниот.
5. Појас на половината Негова ке биде правдата, а појас на бедрата Негови - вистината.
6. Тогаш волк ке живее со јагне, леопардот ке лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ке бидат заедно, и мало дете ке ги води.
7. Крава ке пасе со мечка, нивните млади ке лежат заедно; лавот ке јаде слама како волот.
8. Новороденче ке игра над змиина дупка, дете ке протега рака кон змиино гнездо.
9. Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ке биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето.
10. Во оној ден кон Јесеевиот корен, кој ке стане како знаме на народите, ке се обрнат незнабошците, мирот негов ке му биде слава.
11. Тогаш Господ пак ке ја крене раката Своја, за да Си го врати остатокот од народот Свој, - она што остана во Асирија, и во Египет, и во Патрос, и во Хус, и во Елам, и во Сенар, и во Емат, и островите морски.
12. И ке крене знаме кон незнабошците и ке ги собере прогонетити Израилци; расеаните Јудејци ке ги повика од четирите земни краишта.
13. Kе се прекрати зависта Ефремова; кои непријателствуваат против Јуда, ке бидат истребени, Ефрем нема да му завидува на Јуда, а Јуда нема да го притеснува Ефрема.
14. И ке полетаат врз плеките на Филистејците кон запад, ке ги ограбат сите деца на Исток; ке стават рака врз Едом и Моав, и децата Амонови ке им бидат поданици.
15. Kе го исуши Господ заливот на Египетското Море, ке ја протегне раката Своја врз реката преку силниот Свој ветар и ке ја разбие на седум ракави, така што со обувки да можат да ги минуваат.
16. Тогаш за остатокот од Неговиот народ, кој ке остане во Асура, ке има широк пат, како што беше тоа за Израилот кога излегуваше од Египетската земја.

  Isaiah (11/66)