Isaiah (10/66)  

1. Тешко им на оние што создаваат неправедни закони и пишуваат остри решенија,
2. за да ги отстранат сиромасите од правосудието и да ги ограбат правата на слабите ме у Мојот народ, за да ги направат вдовиците свој плен и да ги грабаат сираците.
3. А што ке правите вие во денот на посетата, кога смртта ке дојде оддалеку? Кон кого ке прибегнете за помош? Каде ке го оставите богатството свое?
4. Без Мене тие ке се превиваат ме у окованите и ке паднат ме у убиените. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, раката Негова уште е протегната.
5. О, Асуре, жезло на Мојот гнев и бич на Моето негодување!
6. Kе го испратам против нечесен народ и против народот на Мојот гнев, ке му дадам повелба грабеж да грави и плен да плени и да ги гази како улична кал.
7. Но тој нема така да расуди, срцето негово нема да помисли вака: нему на срце ке му биде - да разурне и да истреби многу народи.
8. Зашто тој ке рече: "Нели се сите цареви мои кнезови?
9. Халне не ли е она што и Кархемис? Емат не ли е она што и Арпад? Самарија не ли е она што е Дамаск?
10. Бидејки раката моја завладеа со идолските царства, во кои беа идолите повеке отколку во Ерусалим и Самарија, -
11. тоа нема ли да го направам истото со Ерусалим и со неговите кипови, како што направив со Самарија и со нејзините идоли?
12. А кога Господ ке го изврши сето Свое дело на гората Сион и во Ерусалим, тогаш ке го казнам плодот на горделивото срце на царот асирски и дрскоста на високо кренатите му очи."
13. Зашто рече: "Со силата на Своите раце и со премудроста на Својот разум го направив тоа, зашто сум умен: ги разместам границите на народите, и нивните богатства ги ограбив,
14. раката Моја го ограби богатството на народите како гнезда: како што ги земаат оставените во нив јајца, така ја заграбив јас целата земја, и никој со крило не мрдна, ни уса не отвори, ниту писна."
15. Се крева ли на големо секирата пред оној што сече со неа? Се гордее ли трионот пред оној што го движи? Како стап да се прева против оној што го дига! Како божем прачка се крева против оној, кој не е дрво!
16. Затоа Господ, Господ Саваот ке испрати немок на неговите здрави и ме у првенците на твојата чест и бесчестие и врз твојата слава оган на зло ке се разгори.
17. Светлината на Израилот ке биде оган, а неговиот Светец - пламен, кој ке ги изгори и ке ги изеде трњето негови и боцките негови во еден ден;
18. ке ја истреби славната шума негова и градината негова, од душа до тело, и тој ке биде како немокен, кој умира.
19. И другите дрвја од шумата негова ке бидат толку малубројни, што дури и дете ке може да им направи опис.
20. И ете, во тој ден Израилевиот остаток и спасените од домот на Јакова нема веке да се потпираат на оној, кој ги порази, но простосрдечно ке положат надеж во Господа, Светецот Израилев.
21. Остатокот ке се врати, остатокот на Јакова, ке се врати кон Бога Силен.
22. Зашто, иако твојот народ, Израиле, е колку морскиот песок, само остатокот негов ке се обрати; решението за истребување е преисполнето со правда;
23. зашто решеното истребување ке го изврши Господ, Господ Саваот, по целата земја.
24. Поради тоа вака вели Господ, Господ Саваот: "Народе Мој, што живееш на Сион, не бој се од Асура. Тој ке те порази со жезло и ке го крене стапот против тебе, како Египет.
25. Уште малку, сосема малку, - и Мојот гнев ке мине, јароста Моја ке се сврти да ги истреби."
26. И ке крене Господ Саваот бич врз него, како кога го порази Мадијам кај карпата Орив, или како кога го протегна жезлото врз морето, ке го крене како врз Египет.
27. Во тој ден ке биде симнат од твоите рамења товарот негов, и јаремот негов - од твојот врат; јаремот ке се скрши од дебелина.
28. тој оди против Ајат, го минува Мигрон, натрупува харни во Михмас.
29. Ти минуваат клусири; Во Гева нокеваат; Рама се тресе; Гива Саулова се разбега.
30. Викај со глас керко Галимова; нека те чуе Лаис, беден Анатоте!
31. Мадмена се разбега, жителите на Гевам брзаат да побегнат.
32. Уште еден ден ке престојува тој во Нов; со раката своја ја заплашува гората Сион, ерусалимскиот рид.
33. Ете, Господ, Господ Саваот со страшна сила ке ги откине гранките на дрвјата и кои со својот раст се зголемуваат, ке бидат пресечени, високите - на земја соборени.
34. И горскиот гасталак Он ке го исече со меч, - и Ливан ке падне од Семокниот.

  Isaiah (10/66)