Hosea (8/14)  

1. Стави ја трубата на уста! Непријателот како орел ке налета на Домот Господов, оти тие го нарушија заветот Мој и го престапија законот Мој.
2. Kе викаат кон Мене: "Боже мој, ние Те познаваме; ние сме Израилот."
3. Израил го отфрли доброто; затоа непријател ке го гони.
4. Си поставаа цареви свои, без Мене; си избираа кнезови, пак без Мене; од среброто свое и од златото свое направија идоли: оттаму е погибелта.
5. Те остави тебе телето твое, Самаријо; се распали гневот Мој против нив; до кога ли не ке можат да се исчистат оние што се во Израилот?
6. И него уметник го направил, тоа не е бог; затоа те мамеше телето твое, Самаријо.
7. Бидејки сееја ветар, бура ке пожнеат; житни стебленца со корен тој не ке има; зрното нема да даде брашно; ако, пак, и даде, ту инци ке го изедат.
8. Проголтан е Израилот; ме у народите сега е како негоден сад.
9. Тие отидоа при Асирецот како див осел, кој самотно скита; Ефрем со подароци придобиваше благонаклоност спрема себеси.
10. Па, иако пракаше дарови на народите, наскоро Јас ке ги соберам, и тие ке почнат да страдаат од царот и кнезовите;
11. оти Ефрем изгради многу жртвеници за грев - за грев и му послужија тие исти жртвеници.
12. Му напишав важни закони, но тој ги сметаше за ту и.
13. Во жртвените приноси Мене Ми принесуваат месо и го јадат; на Господа тие не му се угодни; сега Он ке се присети за нивното бесчестие и ке ги казни за гревовите нивни; тие ке се вратат во Египет.
14. Израил го заборави Создателот свој и си изгради идолски светилишта, а и Јуда изгради многу утврдени градови; но Јас ке испратам оган врз градовите негови - и тој ке му ги проголта дворците негови.

  Hosea (8/14)