Hosea (7/14)  

1. Додека го лекував Израилот, се откри неправдата на Ефрема и злодејанието на Самарија, оти тие лажат, и крадец се замешал, и разбојник граби по улиците.
2. И не помислуваат во срцето свое дека Јас ги помнам сите нивни беззаконија; а сега ги обиколуваат нивните дела; пред лицето Мое се.
3. Со злодејанија го веселат царот свој и со лагите свои - кнезовите.
4. Од прељубодејство тие сите горат како печка вжарена од лебарот, кој престанува да ја угорува, штом ке го замеси тестото, и тоа скисне.
5. "Денот е на царот наш!" - велат кнезовите, разгорени до болест од вино, а тој ја протега раката своја кон подбивачите.
6. Оти со сплетките свои тие го прават срцето свое слично на печка: лебарот нивни спие цела нок, а утрината таа гори како вжарена печка.
7. Тие сите се распалени како фурна и си ги голтаат судиите свои; нивните цареви па аат и никој од нив не вика кон Мене.
8. Ефрем се смешал со народите, и станал како пита непревртена.
9. Ту инци му ја одземаат силата негова, но тој не забележува, косата му побелела, а тој не знае.
10. И гордоста на Израилот е понизена во очите нивни - и покрај сето тоа не се обрнаа кон Господа, својот Бог, и не го побараа.
11. А Ефрем стана како глупав гулаб - без срце: ги повикуваат Египтјаните, одат во Асирија.
12. Каде и да појдат, Јас ке ја фрлам мрежата Своја врз нив; како птици небески ке ги кутнам; ке ги казнам, како што беше речено во нивното собрание.
13. Тешко нив, оти отстапија од Мене; погибел за нив, зашто се одметнаа од Мене. Јас ги спасував, а тие изрекуваа лага против Мене.
14. А не повикаа кон Мене од се срце, кога пискаа по леглата свои; ридаа на своите постели заради леб и вино, а од Мене отстапуваат.
15. Јас ги вразумував и ги утврдував мишките нивни, а тие замислија зло против Мене.
16. Тие се свртуваа, но не кон Севишниот.

  Hosea (7/14)