Hosea (6/14)  

1. Во болката своја тие од рано утро ке Ме бараат и ке велат: да одиме и да се вратиме кон Господа, зашто Он ке не рани, и Он ке не исцели, ке не порази - и ке ни ги преврзе раните наши;
2. ке не оживее за два дена, а во третиот ке не подигне, и ние ке живееме пред лицето Негово.
3. И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; појавата Негова е како утрена зора, и Он ке дојде при нас како дожд; како доцен и ран дожд ке ја наполни земјата.
4. Што да ти направам, Ефреме? Што да ти направам, Јудо? Чесноста ваша е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува.
5. Затоа Јас ги поразив преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја, и судот Мој е како светлина што ке изгрева.
6. Оти Јас сакам повеке милост, а не жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица.
7. А тие, како Адам, го нарушија заветот, и таму Ме изневерија.
8. Галад е град на беззаконици, испрскан со крв.
9. Како разбојници го дочекуваат човека така, здружени свештеници убиваат по патот за Сихем и вршат лоши работи.
10. Во домот Израилев гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Израилот се извалка.
11. И за тебе, Јудо, е определена жетва кога ке го повратам од ропството Мојот народ.

  Hosea (6/14)