Hosea (5/14)  

1. Чујте го ова свештеници, и внимавај ти, доме Израилев, и приклони го увото, доме царев, оти вам ке ви се суди, зашто бевте замка во Масифа и оптегната мрежа во Тавор.
2. Длабоко потонаа во расипаност, но Јас ке ги казнам сите нив.
3. Ефрема Јас го познавам, но и Израилот не е сокриен од мене; оти и ти блудствуваш, Ефреме, а ти, Израиле, се оскверни.
4. Делата нивни не ги оставаат да се обрнат кон својот Бог, оти блудството нивно, е внатре во нив, па затоа и Господа не Го познаваат.
5. И гордоста на Израилот е понизена во очите нивни; затоа и Израил и Ефрем ке паднат поради беззаконијата свои; а ке паде и Јуда со нив.
6. Со овците свои и со воловите свои ке тргнат да Го бараат Господа и нема да Го најдат; Он се оттргнал од нив.
7. Тие го изневерија Господа, зашто изродија ту и деца; и сега новата месечина ке ги проголта заедно со имотите нивни.
8. Затрубете со рог во Гива, со труба во Рама, и викајте во Бет-Авен: "По тебе, Венијамине!"
9. Во денот на казнувањето Ефрем ке стене пустиња; Јас го соопштив тоа ме у колената Израилеви.
10. Водачите на Јуда останаа како оние што преместуваат ме и; ке го излеам врз нив гневот Мој како вода.
11. Ете, Ефрем е угнетен, поразен е преку суд, оти посака да оди по суетни работи.
12. И ке биде како молец за домот на Ефрема и како црв за домот на Јуда.
13. Ја виде Ефрем болеста своја и Јуда раната своја; и тргна Ефрем кон Асур и прати по царот Јарим за да го брани; но тој не ке може да ве излекува, и нема да ви ја исцели раната ваша.
14. Оти Јас сум како лав за Ефрема и како лавче за домот на Јуда; Јас, Јас ке раскинам и ке си заминам; ке однесам и никој нема да ги спаси.
15. Kе тргнам и ке се вратам во Своето место, додека тие не признаат оти се виновни, и не го побараат лицето Мое.

  Hosea (5/14)