Hosea (4/14)  

1. Чујте го словото Господово, синови Израилеви; зашто Господ ке им суди на жителите од оваа земја, оти нема ни вистина, ни милосрдие, ниту знаење за Бога на земјата.
2. Клетва и измама, убиство, кражби и прељубодејства многу се распространија, и крвта со крв се измешува.
3. Затоа таа земја ке се расплаче, и ке се истоштат сите, што живеат на неа, заедно со полските животни и птиците небески; дури и рибите во морето ке загинат.
4. Но никој да не се преправа и никој никого да не обвинува; и твојот народ е како оние што спорат со свештеникот.
5. Ти ке паднеш дење, и со тебе пророкот ке падне ноке, а Јас ке ја погубам твојата мајка.
6. Мојот народ се оприличил на тие што немаат знење, зашто ти си отфрлил знаење, и јас ке те отфрлам од свештенодејството пред Себе; бидејки го заборави законот на својот Бог, и Јас ке ги заборавам децата твои.
7. И колку повеке се размножуваат, толку повеке и грешат против Мене; затоа славата нивна ке ја претворам во бесславие.
8. Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, и кон беззаконијата негови се стеми душата нивна.
9. И што ке стане со народот, тоа ке се случи и со свештеникот; ке го казнам според патиштата негови и ке му платам според делата негови.
10. Kе јадат - и нема да се наситуваат; ке блудствуваат и нема да се размножуваат, оти престанаа да Му служат на Господа.
11. Блудството, виното и пијалоците ги овладеале срцата нивни.
12. Мојот народ го прашува дрвото, и неговиот жезал му дава одговор; зашто духот на блудството ги вовел во залуда, па блудствувајки, тие отстапија од својот Бог.
13. Принесуваат жртви по планинските врвови и по ридовите кадат под даб, топола и брест, оти тие имаат добри сенки; затоа керките ваши блудствуваат, а снаите ваши прељубодејствуваат.
14. Нема да ги казнувам керките ваши кога блудствуваат, и снаите ваши кога прељубодејствуваат, оти вие самите сте блудници и со миленици принесувате жртви, а простиот народ гине.
15. Ако ти, Израиле, блудствуваш, Јуда барем да не грешеше; и не одете во Галгал, не влегувајте во Бет - Авен и не колнете се со клетвата: жив е Господ!
16. Израилот е упорен како упорна јуничка; па ке ги пасе ли затоа Господ како јаганца на широка ливада?
17. Ефрем се поврзал со идолите; остави го!
18. Одвратно е пијанството нивно; наполно се предале на блудство; нивните кнезови сакаат се што е срамно.
19. Ветрот ке ги притегне со криљата свои, и тие ке се засрамат од жртвите свои.

  Hosea (4/14)