Hosea (2/14)  

1. Речете им на браката свои: ‘народ Мој‘ и на сестрите свои ‘помилувана.‘
2. Судете се со својата мајка, расправајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум и маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубодејството од градите свои, за да не ја сотрам,
3. за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното ра ање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед.
4. И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство.
5. Бидејки мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше - ке тргнам по милениците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, елеј и пијалок.
6. Ете, затоа Јас ке и го препречам патот нејзин со трње и ке ја заградам со ограда, и таа не ке може да ги најде патеките свои;
7. ке се впушти по милениците, но нема да ги стигне; ке ги бара, и нема да ги најде; и ке си рече: ке се вратам и ке појдам кај првиот маж; оти тогаш ми беше подобро, отколку сега.
8. А таа не знаеше дека Јас и давав жито, вино и елеј и и го зголемував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваала.
9. Затоа ке го повратам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ке му дојде времето и ке ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина.
10. И сега ке ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миленици, и никој не ке ја отме од раката Моја.
11. И ке укинам при неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави.
12. И ке ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‘тоа ми се подароци, со кои ме даруваа милениците мои;‘ и Јас ке ги претворам во шума, и полските животни ке ја изедат.
13. И ке ја казнем за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и гривни, одела по милениците свои а Мене Ме заборавила, вели Господ.
14. Поради тоа Јас ке ја измамам и ке ја одведам во пустиња, па ке му зборувам на нејзиното срце.
15. И ке и ја дадам оттаму лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ке пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од Египетската земја.
16. И во тој ден, вели Господ, ти ке Ми велиш - мажу мој, и нема повеке да Ми велиш - Ваалу мој.
17. И ке ги премавнам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема повеке да се спомнува името нивно.
18. И во тоа време поради нив ке склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ке истребам од таа земја, и ке им дозволам да живеат во безопасност.
19. И ке те свршам за Себе вечно, и ке те свршам за Себе во правда и суд, во благослов и милосрдност.
20. И ке те свршам за Себе во верност и ти ке Го познаеш Господа.
21. И во тој ден Јас ке чујам, вели Господ, Јас, ке го чујам небото, и тоа ке ја чуе земјата,
22. и земјата ке го чуе житото и виното и елејот; а тие ке го чујат Језраела.
23. И ке ја посеам за Себе на земјата, и ке ја помилувам непомилуваната и ке му речам на не Мојот народ: "ти си Мој народ", а тој ке рече: "Ти си мој Бог!"

  Hosea (2/14)