Hosea (14/14)    

1. Обрани се, Израиле, кон Господа твојот Бог; зашто ти пропа аш поради своето беззаконие.
2. Подгответе се молитвено, и обратете се кон Господа и речете Му: "Прости ни ги сите беззаконија наши и прими не добро, а ние ке принесеме жртва од устата наша."
3. Асур повеке нема да не спасува; и нема повеке да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: "О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци."
4. Kе го излекувам одметнувањето нивно, благонаклоно ке ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив.
5. Јас ке бидам роса за Израилот; тој ке цвета како крин и ке пушти корења како дрвјата на Ливан.
6. Kе се рашират гранките негови, и убавината негова ке биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан.
7. Kе се вратат оние, кои седеа под неговата сенка, и ке имаат жито во изобилие - па ке цветаат како лоза, ке станат славни како виното ливанско.
8. Зошто ми се идолите уште - ке рече Ефрем. И Јас ке го чујам и милостивно ке погледнам на него; ке бидам како зелен кипарис: од Мене ке ти бидат плодовите.
9. Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Оти патиштата Господови се прави, и праведниците ке одат по нив, а беззакониците ке па аат на нив.

  Hosea (14/14)