Hosea (13/14)  

1. Кога Ефрем зборуваше, сите трепереа. Тој беше издигнат во Израилот; но беше згрешил со Ваала, а затоа загина.
2. А сега го умножи гревот: направија идоли излеани од сребро, онака како што сами ги разбираа - уметничка работа - па им велат на лу ето да принесуваат жртви и да ги целиваат телињата.
3. Поради тоа тие ке бидат како утрена магла, како роса, што брзо исчезнува, како плева што ветар ја однесува од гумното, како дим од димник.
4. Но Јас сум Господ, твојот Бог. Од земјата Египетска - и ти не треба да имаш друг Бог освен Мене, нема Спасител освен Мене.
5. Јас те познав во пустињата, во засушената земја.
6. Па, имајки пасишта, тие беа сити; а кога се заситуваа, срцето им се возгордуваше, и поради тоа Мене Ме забораваа.
7. И Јас ке бидам како лав за нив, како лавче што демне покрај пат.
8. Kе напа ам врз нив како мечка, чии мечиња се грабнати: ке им ги истргнувам срцата нивни и ке ги изедам таму како лавица, полските sверови ке ги раскинуваат.
9. Ти пропа аш, Израиле, зашто само во Мене е твојата потпора.
10. Каде ти е сега царот? Каде се твоите судии, за кои велеше: "дај ни цар и началници!"
11. Јас ти дадов цар во гневот Свој, но ти го одзедов во јароста Своја.
12. Врзано е беззаконието на Ефрема, останат е гревот негов.
13. Родилни маки ке претрпи; тој е неразбран син, инаку не би останал во положба на тукушто родено дете.
14. Од власта на пеколот ке ги откупам, од смртта ке ги избавам. Смрт - каде ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата? За тоа нема да се покајам.
15. Иако е Ефрем плоден ме у браката, но ке дојде источен ветар, ке се крене ветрот Господен од пустињата, и ке го пресуши изворот негов, тој ке го однесе богатството од сите сокровишта.
16. Опустошена ке биде Самарија, зашто се крена против својот Бог; од меч ке паднат тие, нивните младенци на камен ке бидат разбивани, а бремените жени ке бидат распарувани.

  Hosea (13/14)