Hosea (12/14)  

1. Ефрем Ме опкружил со лага, а домот Израилев со лукавство; но Јуда се уште се држеше за Бога, и верен беше со светиите.
2. Ефрем пасе ветар и трча кон источниот ветар, секој ден ја зголемува лагата и запустувањето, склучува сојуз со Асур, а во Египет прака елеј.
3. Но и со Јуда Господ ке има суд - и Он ке го посети Јакова по патиштата негови, и Kе му даде според делата негови.
4. Уште во утробата мајчина тој го задржуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога.
5. Он се бореше против Ангел - и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Он не најде и таму зборуваше со нас.
6. А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово.
7. Обрни се и ти кон својот Бог; биди милостив и правичен, и секогаш надевај се на твојот Бог.
8. Хананеецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува;
9. И Ефрем вели: "Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев."
10. Јас, пак, твојот Господ Бог уште од земјата Египетска, пак ке те населам да седиш во сеници како во деновите на празникот.
11. Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците се служев со споредувања.
12. Ако Галад стана Авен, тоа и тие станаа суетни, во Галгал колеа за жртви телци, а жртвениците им стоеја како купишта камења на ме ите од нивните ниви.
13. Избега Јаков на нивите сириски и Израил служеше за жена, а за жена и овци пасеше.
14. Преку пророк го изведе Господ Израилот од Египет и преку пророк Он го пази.
15. Ефрем многу Го разгневи Господа, па затоа Господ ке ја остави крвта негова на него, и ке му го врати срамот негов.

  Hosea (12/14)