Hosea (11/14)  

1. Во рани зори ке загине царот Израилев. Кога Израилот беше млад, Јас го сакав и од Египет го повикав синот Свој.
2. Ги повикуваа, но тие ги одбиваа, принесуваа жртви на Вааловци и им кадеа на идолите.
3. Јас Самиот го учев Ефрема да оди, го носев на рацете Свои, а тие не сфакаа дека со тоа ги лекував.
4. Ги влечев со човечки врски, со врски на љубов, и Јас бев за нив како оној, што ја вади уздата од устата нивна, и кротко им подавав храна.
5. Тој нема да се врати во Египет; Асур - ке му биде цар, зашто тие не посакаа да се врати при Мене.
6. И меч ке падне врз нивниот град, ке ги уништи неговите заштитници, и ке ги проголта нивните намери.
7. Народот Мој е упорен во отпа ањето од Мене, макар и да беше навикнуван кон возвишено издигнување, тој сепак не се издигнува еднодушно.
8. Како да постапам со тебе, Ефреме? Како да те предадам, Израиле? Kе постапам со тебе како со Адама? Kе ти направам како што му направив на Севоим? Се возбуди срцето Мое во Мене, затрепери утробата Моја од жалост.
9. Нема да постапам според јароста на гневот Свој, и нема да го истребам Ефрема, оти Јас сум Бог, а не човек; кај тебе е Светиот; Јас нема да влезам во градот.
10. По Господа тие ке одат. Како лав ке го издигне Он гласот Свој, ке го пушти гласот Свој - и ке побрзаат кон Него синовите од запад,
11. ке полетаат од Египет како птици, и од Асирија - како гулаби, и ке ги населам во домовите нивни, вели Господ.

  Hosea (11/14)