Hosea (10/14)  

1. Израилот е рагранета лоза; колку повеке таа има плод, толку повеке се умножуваат жртвениците; колку му е подобра земјата, толку повеке се украсуваат идолите.
2. Разделено е срцето нивно, и затоа ке бидат казнети: Он ке ги разруши нивните жртвеници, ке ги здроби идолите нивни.
3. Сега тие велат: "Немаме цар, зашто не се уплашивме од Господа, а царот - што ке ни прави тој?"
4. Зборуваат, даваат лажни завети, склучуваат сојузи; затоа над нив ке има суд, како треба отровна по браздите на нивните ниви.
5. За телето во Бет - Авен ке затреперат жителите на Самарија; ке заплаче за него народот негов, и жреците негови, кои се радуваа со него, ке плачат за славата негова, оти неа ке ја снема од него.
6. И тој самиот ке биде врзан и одведен во Асирија како дар на царот Јарим; посрамен ке биде Ефрем, и ке се засрами Израилот поради својот заговор.
7. Kе го отфрли Самарија својот цар, како пена над вода.
8. И ке бидат истребени идолските светилишта на Авен, гревот Израилев; во трње и боцки ке обраснат жртвениците негови, па ке им речат на планините - покријте не, а на ридовите, паднете врз нас!
9. Повеке згреши, Израиле, отколку во деновите на Гива; таму тие опстојаа, војната во Гаваон против синовите на беззаконието не ги постигна.
10. По своја желба ке ги казнам; ке се соберат против нив народите, и тие ке бидат заробени поради двојниот нивни престап.
11. Ефрем е обучена јуничка, свикната да врши, и Јас Самиот на нејзиниот убав врат ке и ставам ам; па Ефрем ке влече, Јуда ке ора, а Јаков ке брани.
12. Сејте правда - па да пожнеете милост; разорувајте ја рамнината, оти време е да Го побарате Господа, и така Он, штом ке дојде, да ве одржи во правда.
13. Одгледавте беззаконие - ожнеевте нечестие, јадевте плод на лагата, оти ти се надеваше на својот пат, на многуте војници.
14. И ке се појави смут во твојот народ, и сите твои тврдини ке бидат разрушени, како што Салман го разруши Бет - Арабел во денот на битката: мајка биваше убивана заедно со децата.
15. Ете, така ке направам, доме Израилев, поради неправдата ваша.

  Hosea (10/14)