Hebrews (8/13)  

1. Главното од она што беше кажано, е ова: имаме таков Bрховен свештеник, Кој седна оддесно на престолот на Bеличеството на небесата
2. како служител во Светилиштето и во вистинскиот Шатор, што го подигна Господ, а не човек.
3. Bпрочем, секој врховен свештеник се поставува за да принесува и дарови и жртви. Затоа е потребно и тој да има што да принесе.
4. Зашто, ако Тој беше на земјата, не ќе беше ни свештеник, бидејќи веќе има такви кои ги принесуваат даровите според Законот;
5. тие им служат на сликата и на сенката на небесните нешта, како што му беше речено на Мојсеј, кога требаше да го направи Шаторот: "Гледај", му рече Тој, "да направиш сè според образецот, што ти беше покажан на гората!"
6. Но сега Тој доби многу повозвишена служба, бидејќи е посредник на подобар завет, што е заснован врз подобри ветувања.
7. Ако оној првиот завет немаше недостаток, не ќе се бараше место за втор,
8. зашто наоѓајќи недостаток, им вели: "Еве, идат денови - вели Господ -, и ќе склучам нов завет со домот на Израел и со домот на Јуда;
9. не онаков каков што склучив со нивните татковци оној ден кога ги поведов за рака за да ги изведам од египетската земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, па Јас ги занемарив - вели Господ -;
10. зашто ова е заветот кој ќе го склучам со домот на Израел по оние денови - вели Господ-. Ќе ги вложам Моите закони во нивниот ум, и ќе ги втиснам на нивните срца. Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
11. И ниеден веќе нема да го поучува својот сонародник и ниеден својот брат, велејќи: - Познај Го Господа - , зашто ќе Ме познаваат сите, од најмалиот до најголемиот меѓу нив,
12. бидејќи ќе бидам милостив спрема нивните неправди, и нема веќе да си спомнувам за нивните гревови!"
13. А кога вели "нов", со тоа го прогласил првиот за застарен. А она што застарува и станува излишно не е далеку од исчезнување.

  Hebrews (8/13)