Habakkuk (3/3)    

1. Молитвата на пророкот Авакум - за пеење.
2. Господи, чув вест од Тебе и се уплашив. Господи, запази го делото Свое ме у години, објави го во текот на годините, а во гневот Свој сети се на милост.
3. Бог дојде од Теман и Светецот од гората Фаран. Величието Негово ги покри небесата, и славата Негова ја исполни земјата.
4. Болскотот Му е како сончева светлина, а од рацете Негови зрачи, и тука е скривалиштето на Неговата сила.
5. Пред лицето Негово врви поразија, а по стапките Негови ветар што гори.
6. Он стана и земјата се затресе; погледа - и во трепет ги доведе народите; одамнешни планини се распаднаа, првобитните ридови се урнаа; но патиштата Негови се вечни.
7. Натажени ги видов шаторите етиопски; се стресоа сениците на земјата Мадијамска.
8. Зар против реките, Господи, пламнал гневот Твој? Зар против реките е Твоето негодување, или, пак, против морето е јароста Твоја - па си седнал на коњите Свои, на победничките бојни коли?
9. Ти го извади лакот Свој според клетвениот завет, даден на колената, ја раздели земјата со реки.
10. Кога те видов, планините затреперија, водите навалија; бездната го пушти гласот свој и угоре ги крена рацете свои.
11. Сонцето и месечината застанаа на своето место пред болскотот на вперените стрели Твои, пред светкањето на сјајните копја Твои.
12. Во гнев одиш по земјата и во негодување ги газиш народите.
13. Ти излегуваш за спасение на народот Твој, за спасение на помазаникот Свој. Ти ја поразуваш главата на нечестивиот дом, оголувајки го од петите до врвот.
14. Со копјата нивни Ти ја пронизуваш главата на нивните водачи, кога како виор се спуштаат да ме разбијат, радосни, оти мислеа дека скришум ке го проголтаа сиромавиот.
15. Со коњите Свои отвори пат преку морето, преку длабините на големите води.
16. Јас чув и внатрешноста моја затрепери, при гласот Твој затреперија и усните мои, болка почувствував во коските мои, и местото под мене трепери; а јас требаше да бидам спокоен во денот на бедата, кога ке дојде гребителот против мојот народ.
17. Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозите, макар маслината и да откаже, и нивата да не даде плод, макар и овците да не останат во трлото, па и рогат добиток во оборите да нема,
18. јас и тогаш ке се радувам во Господа и ке се веселам во Бога на моето спасение.
19. Господ Бог е мојата сила: Он ке ги направи нозете мои како на елен и ке ме поведе по височините мои.

  Habakkuk (3/3)