Habakkuk (2/3)  

1. Застанав на стража, и стојеки на кулата, набљудував за да разберам, што ке ми каже Он, и што да одговорам на укорот од Него.
2. Ми одговори Господ и ми рече: Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ке чита, да може да го прочита;
3. зашто видението се однесува до определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, оти ке наиде и нема да забави. Оној што иде, ке дојде.
4. И ете, гордата душа нема да се успокои, а праведникот преку варата ке живее.
5. Гордиот човек, како незовриено вино, нема да се успокојува; тој ја раширува душата своја како пеколот, и ненаситен е како смртта; ги собира при себе сите народи и ги ограбува сите племиња.
6. Нема ли сите тие да го земат за приказ и да испеат иронична песна: "Тешко му на оној што без мерка се збогатува, и тоа не со свое, за долго ли? И натрупува залози."
7. Нема ли да станат наеднаш оние, што ке те измачуваат, и нема ли против тебе да се кренат грабители и ти ке им станеш за грабеж?
8. Бидејки си ограбил многу народи, и тебе ке те ограбат сите други народи, зашто си пролеал човечка крв, зашто си ја разорил земјата, градот и сите што живеат во него.
9. Тешко му на оној, што се лакоми кон неправедни печалби за домот свој, за да го изгради домот свој на високо и така да се запази од раката на злото.
10. Си смислил тај срам за домот свој, откако истребил многу народи, и си згрешил против душата своја.
11. Камењата од sидовите ке повикаат и стегите дрвени ке им одговорат:
12. "Тешко му на оној кој sида град врз крв, и што гради тврдини врз неправда!"
13. Ете, не е ли тоа од Господа Саваот што народите се трудат за оган и племињата се измачуваат напразно?
14. Зашто земјата ке се исполни со славата Господова онака како што водите го исполнуваат морето.
15. Тешко му на оној што го пои ближниот свој со пијалок, измешан со злобата своја, за да ја види голотијата негова!
16. Ти си презаситен со срам место со слава; пиј, пак, и ти и покажи ја голотијата своја и кон тебе ке се сврти десницата Господова и срамот на славата твоја.
17. Зашто твоето злодејание на Ливан ке падне врз тебе, оти си истребувал уплашени животни, бидејки си пролевал човечка крв, си ги опустошувал земјата, градот и се што живее во него.
18. Каква корист има од резан лик, направен од уметник, од тој излеан лажен учител, макар што вајар, правејки неми идоли, ке се надева на делото свое.
19. Тешко му на оној, кој на дрво вели - ‘стани‘ - и на нем камен - ‘разбуди се‘. Kе научи ли тој некого на нешто? Ете, тој е опкован со злато и сребро, но здив во него нема.
20. Господ е во Својот свет храм: нека молчи целата земја пред лицето Негово!

  Habakkuk (2/3)