Genesis (9/50)  

1. Тогаш Бог го благослови Ноја и синовите негови, и им рече: "Плодете се и множете се, и полнете ја земјата и владејте ја!
2. А сите sверови земни и сите птици небески, и сиот земен добиток, и се што се движи по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени.
3. Се што се движи и живее, ке ви биде храна; сето тоа ви го дадов, како што ви го дадов зеленото растение.
4. Само да не јадете месо во кое има уште душа, односно крвта негова.
5. А и вашата крв, односно вашиот живот, ке го барам; од секој sвер ке го барам, ке ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов;
6. кој ке пролее крв човечка, и неговата крв ке се пролее од човечка рака; зашто човекот го создадов според образот Божји.
7. Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја и владејте ја!"
8. И му рече Господ на Ноја и синовите негови со него, велејки:
9. "А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас,
10. и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите sверови земни, што се со вас, со се она што излегло од ковчегот, со сите земни животни;
11. го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веке ниедна плот да загине од потоп и дека повеке не ке има потоп да ја запустува земјата!"
12. И рече Бог: "Еве го знакот на заветот, што го поставувам ме у Мене и вас и ме у секоја жива душа, која е со вас, за идните поколенија:
13. божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на заветот ме у Мене и земјата.
14. Па кога облак ке навеам на земјата, ке се види божилакот во облакот,
15. и ке си спомнам за заветот Мој, кој е ме у Мене и вас и ме у секоја душа, што живее во плот; и нема веке да има потоп за да ја уништи секоја плот.
16. Божилакот ке биде во облакот, и Јас ке го видам и ке си спомнам за вечниот завет ме у Бога и ме у секоја душа, што живее во секоја плот, која е на земјата."
17. И му рече Бог на Ноја: "Тоа нека е знакот на заветот, што го поставив ме у Мене и ме у секоја плот, која е на земјата!"
18. Синовите Ноеви, кои излегоа од ковчегот, беа: Сим, Хам и Јафет. Хам е татко на Хананејците.
19. Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја.
20. А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје.
21. И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој.
22. А Хам, таткото на Хананејците, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата брака свои.
23. Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваки ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на таткото свој.
24. А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот син,
25. па рече, "Проклет да е Ханан; на браката свои ке им биде најдолен слуга!"
26. И уште рече: "Благословен да е Господ Бог Симов; а Ханан ке му биде слуга!
27. Нека го рашири Бог Јафета, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ханан да им биде слуга!"
28. И поживе Ное по потопот триста и педесет години.
29. А се на се поживе Ное деветстоитни и педесет години; потоа умре.

  Genesis (9/50)