Genesis (8/50)  

1. И си спомна Бог за Ноја, и за сите sверови и сиот добиток, што беше со него во ковчегот; и навеа Бог ветар на замјата, и водите запреа.
2. Изворите на бездната и окната небески се затворија, и дождот од небото престана.
3. Водата почна постепено да опа а на замјата, и по сто и педесет дена намали.
4. И се запре ковчегот во седмиот месец на седумнаесеттиот ден на ридовите од планината Арарат.
5. Водата, пак, опа аше се повеке до десеттиот месец; и во првиот ден од десеттиот месец се покажаа врвовите на планините.
6. А по четириесет дена го отвори Ное прозорецот на ковчегот, што го беше направил;
7. И пушти гавран, да види дали се повлекла водата на замјата и, откако одлета, не се врати додека не се исуши водата.
8. Потоа пушти гулаб, за да види дали исчезнала водата од лицето на земјата;
9. но гулабот, бидејки не најде каде да застане со своите нозе, се врати кај него во ковчегот, зашто уште имаше вода по целата земја; и Ное ја спружи раката, го фати и го зеде кај себе во ковчегот.
10. Почека уште други седум дена, и повторно го пушти гулабот од ковчегот.
11. Гулабот се врати кај него приквечер, и тоа, во клунот со свеж маслинов лист; така позна Ное дека опаднала водата од земјата.
12. Почека потоа уште седум дена, и одново го пушти гулабот, а тој повеке не му се врати.
13. Во шестотини и првата година, во првиот ден од првиот месец на Ноевиот живот, ја снема водата од земјата; и Ное го отвори покривот, и ја виде земјата сува.
14. А на даваесет и седмиот ден, од вториот месец, целата земја беше сува.
15. Тогаш му рече Господ Бог на Ноја:
16. "Излези од ковчегот, ти и жената твоја, а со тебе и синовите твои, и жените на синовите твои;
17. сите животни, што се со тебе од секое суштество, од птиците, добитокот и сите влекачи што лазат по земјата, изведи ги со себе, нека се растурат по земјата, и нека се плодат и множат на земјата!"
18. И излезе Ное, а со него и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови;
19. сите sверови, и сиот добиток и сите лазачи, сите птици - се што се движи по земјата, според родот нивни, излегоа од ковчегот.
20. И Му направи Ное жртвеник на Господа; зеде од секој чист добиток и од сите птици чисти, и принесе на жртвеникот жртви сепаленици.
21. И Господ го почувствува мирисот пријатен, па рече Господ Бог, помислувајки: "Нема повеке да ја проколнувам земјата поради човекот, зашто помислите на срцето човечко се зли уште од младини; и нема повеке да ги уништуам живите суштества, што ги создадов.
22. Отсега, па се дури постои земјата, нема да престанат сеењето и жнеењето, студот и горештината, летото и зимата, деновите и ноките."

  Genesis (8/50)