Genesis (7/50)  

1. И му рече Господ Бог на Ноја: "Влези во ковчегот ти и целиот дом твој, бидејки те видов праведен пред Себе во овој род,
2. и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од животните нечисти по две, машки пол и женски пол;
3. исто така и од птиците небески по седум, машки пол и женски, и од сите нечисти птици по две, за да им се зачува родот нивни по целата земја.
4. Оти по седум дена ке пуштам дожд на земјата, што ке се излива четириесет дена и четириесет ноки и ке го истребам од земјата секое суштество, што сум го создал Јас."
5. И Ное направи се што му заповеда Господ Бог.
6. А Ное имаше шестотини години кога дојде потопот на земјата.
7. И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови со него, заради потопот од вода.
8. И од животните чисти и од животните нечисти, и од птиците и од се што се влечеше по земјата;
9. влегоа при Ноја во ковчегот по две, машко и женско, како што му заповеда на Ноја Бог.
10. А по седмиот ден дојдоа водите од потопот на земјата.
11. Кога имаше Ное шестотини години, во вториот месец во таа година, дваесет и седмиот ден од тој месец, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески;
12. и се лиеше дожд на земјата четириесет дена и четириесет ноки.
13. Во истиот ден влезе во ковчегот Ное, и Сим, и Хам и Јафет, синовите негови, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив.
14. Тие, и сите sверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадови, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и се што лета, според родот негов, птиците сите и се што има криља,
15. влегоа во ковчегот при Ноја по две единки од машки и женски пол од секоја плот, во која имаше животен дух;
16. и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секоја плот, како што му беше заповедал Бог. И Господ Бог потоа го затвори ковчегот однадвор.
17. Натопувањето на земјата потраја четириесет дена и четириесет ноки; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата;
18. водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, и ковчегот пливаше врз водата.
19. И се засили водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо;
20. петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри.
21. Тогаш го изгуби животот секоја плот, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и sверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите лу е;
22. се, што на суво имаше здив во ноздрите свои, изумре.
23. И се истреби секое живо суштество, што се движеше на земјата: од човекот до sверот, лазачите и птиците небески - се беше истребено од земјата; само Ное остана, и оние, кои беа со него во ковчегот.
24. А водата се издигаше над земјата сто и педесет дена.

  Genesis (7/50)