Genesis (5/50)  

1. Ова е родословот на Адама. Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји.
2. Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече - човек - во денот кога беа создадени.
3. Адам поживе двесте и триесет години, кога му се роди син според подобието свое и според образот свој, и му даде име Сит.
4. А откако го роди Сита, Адам поживе уште седумстотини години, ра ајки синови и керки.
5. И сите денови, што ги поживе Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа тој умре.
6. Сит, пак, поживе двесте и пет години и му се роди Енос.
7. По ра ањето на Еноса, Сит живееше уште седумстотини и седум години, ра ајки синови и керки;
8. така поживе Сит вкупно деветстотини и дванаесет години; и умре.
9. Енос, пак, живееше сто и дваесет години, кога му се роди Каинан.
10. А откако го роди Каинана, Енос живееше уште седумстотини и петнаесет години, ра ајки синови и керки;
11. и така сите денови на Еносовиот живот изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре.
12. Каинан, пак, поживе сто и седумдесет години и го роди Малелеила;
13. а по ра ањето на Малелеила Каинан живееше уште седумстотини и четириесет години, ра ајки синови и керки.
14. И така Каинан поживе вкупно деветстотини и десет години; и умре.
15. А Мелелеил поживе сто шеесет и пет години, и го роди Јареда.
16. По Јаредовото ра ање Малелеил живееше уште седумстотини и триесет години, ра ајки синови и керки.
17. А сите денови од животот на Малелеила беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре.
18. Јаред, пак, поживе сто и шеесет години и го роди Еноха;
19. а откако го роди Еноха, Јаред живееше уште осумстотини години, ра ајки синови и керки.
20. Сите денови, пак, од животот на Јареда изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре.
21. Енох, откако поживе сто шеесет и пет години, го роди Матусала;
22. а по ра ањето на Матусала, Енох одеше според вољата Божја двесте години, ра ајки синови и керки.
23. А сите денови од Еноховиот живот изнесуваа триста шеесет и пет години.
24. И Енох, живеејки според вољата Божја, исчезна, бидејки Бог го зеде.
25. Матусал, пак, поживе сто осумдесет и осум години, и го роди Ламеха;
26. па, откако го роди Ламеха, Матусал живееше уште седумстотини осумдесет и две години, ра ајки синови и керки;
27. а сите денови од животот на Матусала беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре.
28. Ламех, пак, откако поживе сто осумдесет и две години, доби син.
29. и го нарече Ное, велејки: овој ке не утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ Бог ја проколна.
30. А откако се роди Ное, Ламех поживе уште петстотини шеесет и девет години, ра ајки синови и керки.
31. Така поживе Ламех вкупно седумстотини педесет и три години; и умре.
32. Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета.

  Genesis (5/50)