Genesis (49/50)  

1. Потоа ги повика Јаков синовите свои и им рече: "Соберете се, за да ви соопштам однапред, што ке се случи со вас во последните денови.
2. Соберете се и послушајте ме, вие синовите на Јакова, полушајте го Израилот таткото ваш -
3. Рувиме, сине мој првороден, ти се крепост моја и почеток на чедата мои; прв по достоинство и прв по сила.
4. Ти бликаш како вода; нема да се издигнеш, зашто се качи на татковото легло, и ја оскверни постелата моја, на која се качи.
5. Симеон и Левиј се брака, но направија оружје на неправда.
6. Во советувањата нивни да не влегува душата моја, и во собирот нивни да не учествува славата моја; бидејки тие во гневот свој убија лу е, а за своја веселба испокинаа жили на јунец.
7. Проклет да е гневот нивни, оти е жесток, и лутината нивна, зашто е свирепа; ке ги разделам во Јакова, и ке ги растурам во Израилот.
8. Јудо! Тебе ке те фалат браката твои, и рацете секогаш ке ти бидат врз плеките на непријателите твои; и тебе ке ти се клањаат синовите на таткото твој.
9. Јудо, лаве мој мал! Од грабеж се издигаш, сине мој. Се наведнуваш и легуваш како лав и лавица. Кој смее да те разбуди?
10. Нема да недостасува кнез од Јуда, и водач од бедрата негови, се дури не дојде Оној, Кому му припа а власта, и Он е надеж на народите.
11. Тој го врзува за лоза оселот свој, и прлето на неговата ослица за дебела прачка,; во вино ја пере облеката своја, а во крв од грозје облеклото свое;
12. очите му се повесели од вино и забите му се побели од млеко.
13. Завулон ке живее покрај море и при морско пристаниште, а границата ке му биде до Сидон;
14. Исахар го засака доброто, почивајки ме у огради;
15. па, откако виде дека почивката е добра и дека е земјата плодна, ги сви рамењата свои под трудот и стана земјоделец.
16. Дан ке му суди на својот народ, како и на секое племе Израилево.
17. Дан нека биде змија на пат што седи на раскрсница, која, штом го каснува коњот за нога, јавачот негов па а назад.
18. чекајки спасение од Господа.
19. А Гад, него незгоди ке го снајдат, но тој, одејки им по трагите, ке ги совлада.
20. Кај Асира ке има храна во изобилие, тој ке им дава храна на кнезовите.
21. Нефталим е како стебло разгрането, што развило убави гранки.
22. Јосиф е син мој издигнат, син ревносен, син мој најмлад, свртен кон мене!
23. Иако здоговорено те навредуваа, огорчуваа луто и иако силните ги управуваа стрелите во тебе,
24. се сотреа со сила нивните лакови и ослабнаа мускулите на рацете нивни од силната рака на Јакова: така Израилот, таткото твој ојакна од Бога.
25. И ти помогна мојот Бог и те благослови со благослов одозгора од небото, и со благослов од земјата, со благослов од сите гради, од сите утроби.
26. Благословите на таткото твој и на мајката твоја ги надминаа благословите на старите планини и благословите на вечните ридови; тие нека се спуштат над главата Јосифова, избраниот ме у браката, над кои господареше.
27. Венијамин е волк граблив, наутро јаде лов, а навечер го дели пленот."
28. Тоа се дванаесетте синови Јаковови, и тоа им го изговори таткото нивни, ги благослови: секого со благословот негов ги благослови.
29. Потоа им рече: "Јас се прибирам при родот свој, погребете ме при татковците мои, во пештерата што е во нивата на Хетеецот Ефрон.
30. Во пештерата, што се нао а во нивата Макпелска спроти Мамре, во земјата Хананска, која ја беше купил Авраам од Хетеецот Ефрон, за да има свој гробница.
31. Таму ги пограбаа Авраама и жената негова Сара, таму го погребаа и Исака и Ревека, жената негова, а таму ја погребаа и Лија;
32. во сопствената нива и пештерата, што е во неа, која е купена од синовите Хетееви."
33. И престана Јаков да им говори на синовите свои, го повлече нозете во постелата, па умре - и се прибра кај предците свои.

  Genesis (49/50)