Genesis (47/50)  

1. И отиде Јосиф, па му јави на Фараонот, велејки: "Таткото мој и браката мои, со овците нивни и говедата нивни, и со се што имаа, дојдоа од земјата Хананска; и, ете, тие се сега во земјата Гесемска."
2. И земајки од браката свои пет души - ги претстави пред Фараонот.
3. А Фараонот им рече на браката Јосифови: "Каква работа работите?" Тие му одговорија на Фараонот: "Овчари се слугите твои, и ние и нашите татковци, од детство па до сега."
4. И уште му рекоа на Фараонот: "Дојдовме да поживееме во оваа земја, зашто нема пасишта за доботокот на слугите твои, бидејки голем глад завладеа во земјата Хананска; затоа дозволи им на слугите твои да се населат во земјат Гесем Арабиски."
5. А Фараонот му рече на Јосифа: "Таткото твој и браката твои дојдоа при тебе;
6. земјата Египетска е во твоја власт; насели ги на најдобро место: таткото твој и браката твои; нека живеат во земјата Гесем; и, ако знаеш, дека ме у нив има способни лу е, постави ги за надгледници над мојот добиток."
7. Потоа го доведе Јосиф Јакова, таткото свој и го претстави пред Фараонот: Јаков го благослови Фараонот.
8. А Фараонот го праша Јакова: "Колку години имаш?"
9. Му одговори Јаков на Фараонот: "Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет; годините на мојот живот беа кратки и злочести и не ги достигнаа дните на татковците мои, колку што тие живееја."
10. Потоа се збогува со Фараонот и, откако го благослови, Јаков си отиде од него.
11. А Јосиф ги насели и таткото свој и браката свои и им даде најдобро место во сопственост во земјата Египетска во областа Рамзес како што беше заповедал Фараонот.
12. И му даде Јосиф жито на таткото свој и на браката свои, и на целиот татков дом, според бројот на членовите.
13. Но жито немаше по целата земја, зашто гладот стана многу голем: се истошти земјата Египетска и земјата хананска од глад.
14. И ги собра Јосиф сите пари што се нао аа во земјата египетска и во земјата Хананска, мерејки им жито, што го купуваа, и ги однесе во домот Фараонов.
15. И снема пари во земјата египетска и во земјата Хананска. Тогаш сите Египтјани почнаа да доа аат кај Јосифа и викаа: "Дај ни леб! Зошто да умираме пред тебе? Парите веке свршија."
16. А Јосиф им велеше: "Дајте го доботокот свој, па ке ви дадам леб за доботокот, штом парите сте ги потрошиле."
17. И го доведуваа добитокот свој кај Јосифа, а Јосиф им даваше жито за коњите, за овците, за воловите и за ослите. Така ги исхрани таа година со жито во замена за сиот добиток нивни.
18. А кога помина таа година, почнаа пак да доа аат кај него и втората година, велејки: "Зар да изгинеме пред господарот наш? Бидејки парите наши свршија, а и добитокот и имотот што го имавме пред тебе, и кај господарот наш, па не ни остана веке ништо да му донесеме на господарот наш, освен телата наши и нивите наши.
19. За да не пропаднеме пред очите твои, купи не нас и нивите наши за жито, па ние и земјата наша да му станеме робови на Фараонот. А ти дај ни семе, да сееме и да останеме живи и да не умреме, та и земјата да не запусти."
20. И тако Јосиф ја купи за Фараонот сета земја во земјата Египетска, бидејки сите Египтјани ја продадоа својата земја на Фараонот, зашто гладот ги притисна. И земјата стана Фараонова.
21. А народот го пороби од едниот крај на Египет до другиот.
22. Само не ги купи имотите на жреците, бидејки Фараонот имотите им ги подарил, и тие се хранеа од давачки, што им ги определил Фараонот. Затоа тие не ја продадоа земјата своја.
23. Јосиф, пак, им рече на сите Египтјани: "Ете, ве купив денес вас и нивите ваши за Фараонот. Па, еве ви семе, и посејте ги нивите.
24. Но од родот една петина ке му давате на Фараонот, а четирите дела нека останат за вас: за сеење на нивите и за прехрана ваша и на оние, кои се по домовите ваши."
25. А тие рекоа: "Ти ни го запази животот; нека најдеме милост пред господарот наш и да му бидеме робови на Фараонот."
26. И донесе Јосиф закон, кој е и денес во сила во земјата Египетска: петина му припа а на Фараонот, освен од земјата на жреците, што не стана Фараонова.
27. А Израил се насели во земјата египетска, во областа Гесем, која ја држеше, и се изнародија и намножија многу.
28. И поживе Јаков во земјата Египетска седумнаесет години; а деновите на Јакова броеја сто и четириесет и седум години
29. А кога се наближи времето Израил да умре, го повика синот свој Јосифа и му рече: "Ако сум нашол милост пред тебе, стави ја раката твоја под бедрото мое, и направи ми милост и вети ми: немој да ме погребеш во Египет.
30. Но за да почивам кај татковците мои, затоа пренеси ме од Египет горе и погреби ме во гробот нивни." А тој рече: "Kе направам како што велиш."
31. И му рече: "Заколни ми се!" И тој му се заколна. Тогаш Израил му се поклони врз перницата на постелата.

  Genesis (47/50)