Genesis (46/50)  

1. И тргна Израил со се што имаше, па, откако дојде во Вирсавија, Му принесе жртва на Бога од таткото свој Исака.
2. И му рече Бог на Израила ноке во видение; "Јакове! Јакове!" А тој одговори: "Еве ме!"
3. Тогаш Бог му рече: "Јас сум Бог, Бог на таткото твој. Не плаши се да слезеш во Египет, оти таму ке направам од тебе голем народ.
4. Јас ке слезам со тебе во Египет, и Јас пак ке те вратам ваму; и Јосиф ке ги заклопи очите твои."
5. И тргна Јаков од Вирсавија; и синовите Израилеви го сместија Јакова, таткото свој, и децата свои, и жените свои и имотот свој во колите, што беше им ги пратил Јосиф, за да го доведат.
6. И го зедоа доботокот свој и имотот свој, што го беа спечалиле во земјата Хананска, и дојдоа во Египет - Јаков и сиот негов род заедно со него.
7. Тој ги доведе со себе во Египет синовите свои и внуците свои, и керките свои и внуките свои, и целото свое потомство.
8. А ова се имињата на децата Израилеви, кои дојдоа во Египет: Јаков и синовите негови. Првенецот на Јакова Рувим.
9. Синовите Рувимови: Енох и Фалос, Асрон и Харми.
10. Синовите Симеонови: Јемуил, Јамин, Аод, Јахим, Соар, и Саул, син на Хананејката.
11. Аиновите Левиеви: Гирсон, Кат и Мерариј.
12. Синовите Јудини: Ир, Авнан, Силом, Фарес и Зара; но Ир и Авнан умреа во земјата Хананска. Синови Фаресови беа Есрон и Хамуил.
13. Синови Исахарови: Тула, Фува, Јов и Симрон.
14. Синови Завулонови: Серед, Алон и Ахоил.
15. Тоа се синовите Лиини, што му ги роди на Јакова во Месопотамија Сириска, заедно со Дина, керката негова. Сите синови и керки негови беа триесет и три души.
16. Синови Гадови: Сифон, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Ародиј и Арилиј.
17. Синови Асирови: Емна, Есва, Усвиј и Вериј - и сестрата нивна Сара. А синови на Вериј беа: Хевор и Мелхил.
18. Тоа се синовите на Зелфа, која и ја даде Лаван на Лија, керката своја; таа му роди на Јакова шеснаесет души.
19. Синови, пак, на Рахил, жената на Јакова, беа: Јосиф и Венијамин.
20. А на Јосифа во Египет му се родија од Асенета, керката на Петефриј, жрецот илиополски: Манасија и Ефрем.
21. А синови Венијаминови беа: Вела, Вехер и Асвил; синови Велови: Гира, Наман, Ихиј, Рос, Упим, а Гира го роди Арад.
22. Тоа се синовите на Јакова, што му го роди Рахил, - вкупно четиринаесет души.
23. А син Данов: Асом.
24. Синови Нефралимови: Асил, Гуниј, Есер и Силим.
25. Тоа беа синови на Вала, која и ја даде Лаван на кеката своја Рахил; таа му роди на Јакова вкупно седум души.
26. Сите, кои дојдоа со Јакова во Египет и кои беа излегле од бедрата негови, освен жените на синовите Јаковови, беа вкупно шеесет и шест души.
27. И двајцата синови Јосифови, што му се родија во Египет; сите души, значи, во домот на Јакова, кои дојдоа во Египет, беа седумдесет.
28. Израил го прати Јуда кај Јосифа пред себе, за да го сретне во сирискиот град - Гесем, во земјата Гесемска.
29. Тогаш Јосиф ја впрегна колата своја, и му излазе во пресрет на Израила, таткото свој, во сирискиот град Гесем; и кога го виде Јаков, му се обеси околу вратот, и плачеше долго на вратот негов.
30. Потоа Израил му рече на Јосифа; "Сега, бидејки со свои очи видов, оти си жив, можам да умрам."
31. А Јосиф им рече на браката свои - "Одам да му соопштам на Фараонот и ке му речам: ‘Браката мои и семејството на таткото мој, кои беа во земјата хананска, дојдоа кај мене.
32. Тие се лу е овчари; од секогаш се занимавале со сточарство; и ги доведоа со себе овците и говедата свои и се што имаа.‘
33. А кога Фараонот ке ве повика и ке ве праша: ‘Каква работа работите,‘
34. вие кажете: ‘Овчари се слугите твои уште од младини па досега, и ние и татковците наши‘ - за да останете во земјата Гесем Арабиски. Оти Египтјаните сите овчари ги сметаат за нечисти."

  Genesis (46/50)