Genesis (45/50)  

1. Тогаш Јосиф, не можејки повеке да се воздржи пред оние кои стоеја околу него, извика: "Одстранете ги сите од мене." И така никој не остана при Јосифа кога им се откри на браката свои.
2. Па заплака силно, така што чуја Египтјаните, а се чу и во домот на Фараонот.
3. И им рече Јосиф на браката свои: "Јас сум Јосиф! Дали е уште жив татко ми?" Но браката не можеа да му одговорат, бидејки се смутија пред него.
4. Но Јосиф им рече на браката свои: "Дојдете поблизу до мене!" И тие пристапија; а тој им рече: "Јас сум Јосиф, братот ваш, кого го продадовте во Египет.
5. А сега, пак, не жалостете се ниту да жалите што ме продадовте ваму, оти Бог ме прати мене пред вас, за да го запази животот ваш.
6. Оти има веке две години, откако настапи глад на земјата, а уште пет години остануваат, во кои ке нема ни орање, ниту жетва.
7. Затоа Бог ме прати пред вас, за да ве зачува на земјата, а и да ви го запази животот со големо избавување.
8. И така, не ме пративте вие ваму, туку Бог. Кој ме постави како татко на Фараонот и господар на целиот дом негов и кнез над целата земја Египетска.
9. Вратете се брзо кај таткото мој и кажете му: ‘Вака вели синот твој Јосиф - Бог ме постави за господар над целиот Египет; дојди при мене, не одлагај.
10. Kе живееш во земјата Гесем Арабиски и ке бидеш близу до мене, ти и синовите твои, и внуците твои, и овците твои, и воловите и се што е твое.
11. А јас ке се грижам ваму за прехраната твоја, зашто глад ке има на земјата уште пет години, та да не загинеш ти, и синовите твои, и се, што е твое.
12. И ете, гледате со очите ваши, и братот мој Венијамин со свои очи гледа, дека мојата уста ова ви го зборува.
13. Раскажете му на таткото мој за сета слава моја во Египет и за се што видовте, па поскоро доведете го ваму таткото мој."
14. Потоа го прегрна братот свој Венијамина и плачеше над него. А и Венијамин плачеше, над братот негов.
15. И ги целива сите брака свои и плачеше над нив, прегрнувајки ги. Потоа неговите брака разговараа со него.
16. Тогаш глас се пренесе во домот на Фараонот, дека пристигнале браката на Јосифа. И се зарадува Фараонот и слугите на неговите дворјани.
17. И му рече Фараонот на Јосифа: "Кажи им на браката твои - еве што ке направите: ‘Натоварете ги ослите ваши, и вратете се во земјата Хананска.
18. Па земете го таткото ваш и се што е ваше и дојдете кај мене, и ке ви ја дадам најубавата земја што ја има во Египет, и така вие ке живеете во изобилие во оваа земја.‘
19. А тебе, пак, ти заповедам да им кажеш - Вака направете: "Земете со себе од земјата Египетска коли за децата ваши и за жените ваши, и поведете го таткото ваш, и дојдете ваму.
20. И немојте да жалите за покукнината ваша, зашто се, што е најубаво во земјата египетска, ке биде ваше."
21. И синовите Израилеви така постапија. А Јосиф им даде коли, по наредба на Фараонот; им даде и храна за по пат.
22. И на секого им даде по две облеки, а на Венијамина му даде триста сребреници и пет промени.
23. А и на татка си свој му испрати десет осли, натоварени со најубави работи, што имаше во Египет, и десет ослици, натоварени со жито и храна на татка му за по пат.
24. Тогаш ги испрати браката свои, и тие тргнаа; а им порача: "Немојте да се карате патем!"
25. И така тие излегоа од Египет, и стигнаа во земјата Хананска кај Јакова, таткото нивни.
26. И му раскажаа се, велејки: "Јосиф, синот твој е жив, и тој е господар над целата земја Египетска." А неговото срце се смути, зашто не им веруваше.
27. Но, кога му раскажаа за се, што им беше рекол Јосиф, и кога ги виде колите, што му ги беше испратил Јосиф, за да го земат, тогаш оживе духот на Јакова, таткото нивни.
28. И рече Израил: "Доволно е што е жив синот мој Јосиф; ке појдам да го видам, пред да умрам."

  Genesis (45/50)