Genesis (44/50)  

1. Потоа му заповеда Јосиф на домоуправителот свој, велејки: "Наполнете им ги на овие лу е вреките со жито, колку што можат да носат, и на секого во отворот на вреката ставете им ги парите нивни;
2. а чашата моја сребрена ставете му ја на најмалиот во вреката, и парите негови за купеното жито!" И тој направи така, како што му рече Јосиф.
3. А утредента, на осамнување, ги испратија лу ето со ослите нивни.
4. Уште не беа изминале многу пат од градот, му рече Јосиф на човекот, кој управуваше со домот негов: "Стани, оди брзо по оние лу е, а, кога ке ги стигнеш, кажи им: ‘Зошто вракате зло за добро‘.
5. Не е ли тоа чашата, со која пие мојот господар? И нема ли секако по неа да познае какви сте. Лоша направивте со тоа."
6. И тој ги стигна, и им ги рече овие зборови.
7. А тие му одговорија: "Зошто зборуваш, господару, такви зборови? Не, слугите твои такво нешто не можат да направат.
8. Дури и парите, што ги најдовме при отворот на вреките, ги донесовме од земјата Хананска, па како можевме да украдеме од куката на господарот твој сребро или злато?"
9. А при кого од слугите твои ке се најде чашата, тој нека загине; а ние, пак, ке му бидеме робови на господарот наш."
10. А тој, пак, рече: "Нека биде така, како што рековте; но во кого ке се најде чашата, тој нека ми биде роб, а вие другите нема да бидете виновни."
11. И тие брзо ги симнаа вреките свои, и ги одврзаа секој својата врека.
12. А тој почна да бара, почнувајки од најстариот, и кога дојде до најмалиот, и се најде чашата во вреката Венијаминова.
13. Тогаш ја раскинаа облеката своја, па го натоварија секој товарот на својот осел, и се вратија во градот.
14. И влезе Јуда со браката свои во домот на Јосифа, кој беше се уште дома, и паднаа пред него на коленици.
15. А Јосиф им рече: "Што направивте? Зар не знаевте дека човек, каков што сум јас, погодува и секако ке може да разбере?"
16. Тогаш рече Јуда: "Што да одговориме, господару наш? Што да кажеме или со што да се оправдаме? Бог ја откри неправдата на твоите слуги. Еве, ние сме сите робови твои, господару, и ние и овој, во кого се најде чашата!"
17. Но Јосиф одговори: "Не, јас не го сакам тоа; кај кого се најде чашата, тој нека ми биде роб, а вие одете си со здравје кај таткото ваш."
18. Но Јуда пристапи до него и рече: "Господару, дозволи да проговори слугата твој пред тебе и гневот твој нека не се истури на слугата твој, зашто ти си по Фараонот.
19. Господарот мој ги праша слугите свои влејки: ‘Имате ли татко или брат?‘
20. А ние му рековме на господарот наш: ‘Имаме стар татко и најмал брат, кој му се роди во староста; а неговиот брат умре, и тој остана сам од мајката своја, и таткото многу го сака!‘
21. А ти им рече на слугите твои: ‘Доведете го кај мене да го видат моите очи.‘
22. И ние му рековме на господарот: ‘Не ке може детето да го остави таткото свој; ако го остави татка си свој, тој веднаш ке умре.‘
23. А ти им рече на слугите твои: ‘Ако не дојде со вас братот ваш најмал, нема повеке да го видите лицето мое.‘
24. Па, кога се вративме кај слугата твој, а таткото наш, му ги кажавме зборовите на господарот наш.
25. Потоа ни рече таткото наш: ‘Одете пак, купете ни малку храна.‘
26. А ние рековме: ‘Не можеме да одиме; но, ако дојде со нас братот наш најмал, тогаш ке одиме, зашто не можеме да го видиме лицето на оној човек, ако со нас не биде нашиот најмал брат.‘
27. А и слугата твој, таткото наш, ни рече: "Знаете дека жената моја ми роди два сина.
28. А еден од нив отиде од мене, и рековте - ‘Сигурно е растргнат‘, и јас досега не го видов.
29. Ако и овој го земете од мене, па го снајде некоја невола по патот, ке ме турнете вака стар со тага в гроб.‘
30. И сега, ако отидам кај слугата твој, таткото наш, а ова дете да не биде со нас, бидејки душата негова е сврзана за душата на овој,
31. и кога ке види дека го нема детето, ке умре; и слугите твои ке го турнат стариот слуга твој, а таткото наш, со тага в гроб.
32. А твојот слуга ја зеде одговорноста за детето пред таткото наш, велејки: ‘Ако не ти го доведам и не го претставам пред тебе, нека бидам виновен пред таткото свој довека.‘
33. Затоа јас, слугата твој, нека останам место детето, да му бидам роб на господарот мој, а детето нека си оди со браката свои.
34. Оти, како ке се вратам кај таткото свој, детето да не е со мене? Не би можел да ја гледам тагата, што ке го снајде мојот татко."

  Genesis (44/50)