Genesis (43/50)  

1. Но гладот се зголемуваше во таа земја.
2. А кога го изедоа житото, што го беа донеле од Египет, таткото нивни им рече: "Одете пак и купете ни малку храна."
3. Јуда му проговори и рече: "Оној човек јасно ни рече ‘Да не се јавувате пред лицето мое, ако вашиот помал брат не дојде со вас.‘
4. Ако ги пуштиш со нас братот наш, ке одиме и ке ти купиме храна.
5. Ако, пак, не го пуштиш, тогаш нема да одиме, оти оној човек ни рече - ‘Нема да го видите лицето мое, ако вашиот брат не биде со вас‘."
6. Но Израил рече: "Зошто ми направивте такво зло и му рековте на човекот дека имате уште еден брат?"
7. А тие одговорија: "Човекот подробно се распрашуваше за нас и за родот наш, велејки: ‘Дали е уште жив таткото ваш? Имате ли уште брака?‘ И ние му одговоривме како што не прашуваше. Можевме ли да знаеме дека ке рече: ‘Доведете го братот ваш!‘"
8. А Јуда му рече на Израила, таткото свој: "Пушти го малиот со мене, па ке се кренеме и ке отидеме за да останеме живи, и да не изумреме ни ние, ниту ти, ни нашите деца.
9. Јас ке одговарам за него, од моја рака ке го бараш. Ако не ти го доведам и не го претставам пред тебе, ке бидам виновен пред тебе до крајот на мојот живот.
10. Да не се двумеше толку, веке досега можеби двапати ке се вратевме."
11. Тогаш Израил, таткото нивни, рече: "Ако е така, еве што ке направите - земете плодови од оваа земја, и ставете ги во вашите вреки, па однесете му ги како подарок на оној човек; малку балсам, малку мед, темјан, зачини, мирилива смола, па и ореви и бадеми.
12. А пари, со себе земете двојно повеке, оти ке треба да ги вратите парите, што ги најдовте под грлата на вашите враки; можеби е грешка.
13. Земете го и братот ваш, па станете и одете пак кај оној човек.
14. А семокниот Бог да ви даде да најдете милост кај оној човек, па да ви го пушти и другиот ваш брат, и Венијамина. А јас, пак, ако треба веке да останам без деца, па нека останам."
15. Тогаш тие ги зедоа подароците и пари двојно повеке, го зедоа и Венијамина, па станаа и отидоа во Египет и излегоа пред Јосифа.
16. А Јосиф кога го виде со нив и Венијамина, својот едноутробен брат, му рече на човекот што управуваше со куката негова: "Одведи ги овие лу е дома, па заколи нешто од добитокот и зготви го, оти тие на пладне со мене ке ручаат."
17. И направи човкот така како што му рече Јосиф, и ги одведе лу ето во домот Јосифов.
18. А тие лу е се уплашија, кога човекот ги водеше во домот Јосифов, и рекоа: "Заради парите, што се најдоа порано во вреките наши, не водат, додека не смислат нешто, па да не обвинат, за да не заробат нас и ослите наши."
19. И му пристапија на човекот, што управуваше со домот Јосифов, и му проговорија пред вратата на куката
20. и рекоа: "Чуј не, господару! Ние и порано бевме овде, за да купиме храна.
21. Но кога бевме на нокевање, ги отворивме вреките, а тоа - парите на секого од нас беа одозгора во вреките наши; и еве во иста количина ги вракаме со свои раце,
22. а и други пари донесовме, да купиме храна; ние не знаеме кој ни ги стави парите наши во вреките."
23. А тој одговори: "Бидете спокојни, не плашете се, вашиот Бог и Бог на таткото ваш го ставил среброто во вреките ваши; парите ваши стигнаа при мене." И им го изведе Симеона.
24. И ги воведе човекот во домот Јосифов и им донесе вода, за да ги измијат нозете; а им даде и храна за ослите нивни.
25. И ги приготвија подароците, чекајки дури да дојде Јосиф на пладне, оти чуја дека тука ке ручаат.
26. А кога дојде Јосиф дома, му ги изнесоа подароците, што ги имаа при себе, и му се поклонија доземи.
27. Потоа тој ги праша за здравјето и рече: "Добар ли е вашиот татко, за кого ми зборувавте? Жив ли е уште?"
28. А тие одговорија: "Жив е слугата твој, нашиот татко, и здрав е." Па се наведнаа и му се поклонија.
29. Кога ги подигна Јосиф очите свои, го виде братот свој, Венијамина, едноутробниот брат свој, и рече: "Овој ли е најмалиот брат ваш, за кого ми рековте дека ке ми го доведете?" И додаде: "Бог нека те милува синко!"
30. Тогаш Јосиф побрза надвор, оти срцето му се беше возбудило поради братот негов. Му дојде да заплаче, па влезе во една соба и таму плачеше.
31. Потоа се изми и излезе, и воздржувајки се рече: "Принесете јадење!"
32. И му донесоа, нему посебно, ним одделно, и на Египтјаните посебно, што ручаа кај него, зашто Египтјаните не можат да јадат со Евреите, оти тоа би им било неугодно на Египтјаните.
33. И седнаа тие пред него, постарите според возраста нивна, а помладите според младоста нивна, па се погледаа, чудејки се.
34. И нареди тој по дел од јадењата што беа пред него, да ги носат пред нив, а делот на Венијамина беше петпати поголем од делот на секого од нив. И пиеја и се нагостија со него.

  Genesis (43/50)