Genesis (41/50)  

1. А по две години сони сон Фараонот - како стои крај една река.
2. И одеднаш - од реката излегоа седум убави и дебели крави, па почнаа да пасат на брегот;
3. а по нив, потоа, од реката излегоа други седум крави, грди и слаби и пасеа со другите крави на брегот.
4. И седумте грди и слаби крави ги изедоа оние седум убави и дебели крави, и не се познаваше дека ги изеле. Тогаш се разбуди Фараонот.
5. Потоа видел втор сон, а тоа - седум класја израснале од едно стебло, јадри и убави;
6. а по нив израснале седум празни, исушени од ветар.
7. Потоа празните и исушените класја ги изеле седумте големи и јадри класја. Тогаш Фараонот се разбуди, но тоа било сон.
8. Утредента беше тој вознемирен во душата, та нареди, и беа повикани сите гаталци египетски и сите мудреци. И Фараонот им раскажа што сонил, но никој не се најде да го протолкува сонот на Фараонот.
9. Тогаш му проговори на Фараонот главниот пехарник и рече: "Денес се сетив за гревот мој.
10. Кога Фараонот се налути на слугите свои и не фрли в затвор во куката на заповедникот стражарски, мене и старешината над лебарите,
11. сонувавме во иста нок јас и тој, но секој од нас свој сон видовме по своето значење.
12. А таму со нас беше еден млад Евреин, слуга на заповедникот на стражата; ние му ги раскажавме соништата наши, а тој на секого од нас му го протолкува сонот.
13. И како што ни кажа, така и стана: мене ме врати Фараонот на мојата служба, а оној другиот беше обесен."
14. Тогаш Фараонот нареди, та го повикаа Јосифа, и брзо го изведоа од затворот, а тој се острига и се преоблече, па излезе пред Фараонот.
15. А Фараонот му рече на Јосифа: "Сонив сон, а никој не може да ми каже што значи: а за тебе слушам умееш да толкуваш соништа."
16. Јосиф му одговори на Фараонот и рече: "Без Бога не може да му се даде на Фараонот точен одговор."
17. И му рече фараонот на Јосифа, велејки: "Сонив, како стојам крај брегот на една река;
18. и одеднаш - од реката излегоа седум дебели и убави крави, па почнаа да пасат по брегот;
19. и ете, по нив други седум крави излегоа, многу грди и слаби во телото, какви што не сум видел полоши во целата земја Египетска, толку грди крави.
20. И оние крави, слаби и грди, ги изедоа оние седум дебели.
21. А кога им беа во стомакот, не се познаваше дека им се во стомакот, туку пак беа така грди како порано. Тогаш се разбудив.
22. Па пак сонив, а тоа - седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави;
23. а по нив израснаа седум тенки и празни класја, исушени од ветар.
24. И седумте празни класја исушени од ветрот ги проголтаа седумте јадри и убави класја. И сево ова им го раскажав на гаталците, но ниеден не знаеше да ми објасни."
25. А Јосиф му рече на Фараонот: "Сонот Фараонот е еден: Господ му јавува на Фараонот, што ке прави.
26. Седумте убави крави се седум години, и седумте убави класја се пак седум години; и обата сона Фараонови се еден сон.
27. Седумте слаби и грди крави, кои излегоа по оние, се седум години; и седумте класја празни и истенчени од ветар се седум години; ке има седум години глад.
28. Тоа е она што веке му го реков на Фараонот: Бог му кажува на Фараонот што ке прави.
29. Ете, ке дојдат седум години многу родни по целата земја Египетска;
30. а по нив ке настапат седум години гладни; ке се заборави сето она изобилство во земјата Египетска, и глад ке ја сотре земјата.
31. Кога ке се појави гладта, нема да се знае дека во земјата порано имало изобилие - поради гладот - што ке дојде, оти ке биде многу голем.
32. А тоа, што Фараонот сонил двапати едноподруго, значи дека Божјиот збор е вистински и дека Бог наскоро ке го направи тоа.
33. А сега Фараонот нека побара човек мудар и разумен, па да го постави над земјата Египетска.
34. И нека заповеда Фараонот да бидат поставени старешини по земјата, па да собираат петина од сите жетви по земјата Египетска во текот на седумте родни години;
35. нека собираат тие секаква зрнена храна во седумте родни години што доа аат; житото да го собираат во градовите со овластување од Фараонот и храната во градовите да се чува.
36. И таа храна да биде запазена за седумте гладни години што ке настапат во земјата египетска, за да не пропадне земјата од глад."
37. Неговиот одговот му се свиде на Фараонот и на сите слуги негови.
38. Па им рече Фараонот на слугите свои: "Зар можеме да најдеме чевек, како што е овој, во кого има дух Божји?"
39. И му рече Фараонот на Јосифа: "Бидејки Бог тебе ти го откри сево ова, тоа нема човек толку мудар и поразумен како што си ти.
40. Ти ке бидеш над домот мој, и целиот народ мој ке го слуша зборот твој; само со престолот ке бидам поголем од тебе."
41. И уште му рече Фараонот на Јосифа: "Еве, те поставувам денес тебе над целата земја Египетска."
42. И го извади Фараонот прстенот од раката своја и му го стави на Јосифа на рака, и го облече во облека, од најфина ткаенина, и му стави златна веришка околу вратот.
43. И заповеда да го возат во неговата втора кола, а гласник пред него да извикува; "Абрек! (Поклонувајте се!)" И го постави над целата земја Египетска.
44. И уште му рече Фараонот на Јосифа: "Јас сум Фараон, но без тебе никој нема да крене рака, ни нога во целата земја Египетска.
45. И го нарече Фараонот Јосифа Пеонтомфаних; и го ожени со Асенета, керката на Петефри, илиополски жрец.
46. А Јосиф имаше триесет години, кога се претстави пред Фараонот, царот египетски. И, откако отиде од Фараонот, тој ја обиколи целата земја Египетска.
47. И за седум родни години земјата роди во изобилство.
48. И собираше Јосиф за тие седум години секаков вид жито, што го даваше земјата Египетска, и го носеше житото во градовите; во секој град го носеше житото од околните ниви.
49. Така насобра Јосиф многу жито, колку што е песокта морска, така што престанаа да го мерат, зашто немаше број.
50. А пред да настана гладните години, му се родија на Јосифа два сина, кои му ги роди Асенета, керката на Петефри, жрецот илиополски.
51. И на првородениот Јосиф му стави име Манасија, велејки: "Оти Бог ми направи да ги заборавам несреките мои и целиот дом на мојот татко."
52. А вториот го нарече Ефрем, велејки: "Бидејки Бог ме направи плоден во земјата на маките мои."
53. Но изминаа седумте родни години во земјата Египетска,
54. и настапија седумте гладни години, како што беше рекол Јосиф. И настана глад по сите земји, а во целата земја Египетска имаше леб.
55. Но, кога почна да гладува и земјата египетска, народот му записка на Фараонот за леб. А Фараонот им рече на сите Египтјани: "Одете кај Јосифа, па како што ке каже тој, така правете."
56. А кога гладот се прошири во целата земја, ги отвори Јосиф сите житници и почна да им продава на Египтјаните жито, оти гладот стана жесток и во земјата Египетска.
57. И од сите земји доа аа во Египет, да купуваат жито од Јосифа, бидејки настана голем глад насекаде.

  Genesis (41/50)