Genesis (4/50)  

1. Потоа Адам ја позна жената своја Ева, која зачна и го роди Каина, и рече: "Придобив човек од Господа!"
2. Го роди уште и брата му Авела. И Авел стана овчар, а Каин беше земјоделец.
3. По некое време Каин му принесе на Господа дар од плодовите земни;
4. а и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од маста. И Господ погледна милозливо на Авела и на неговите дарови;
5. а на Каина и на неговите дарови не погледна милозливо. Затоа Каин се огорчи многу, и лицето му потемне.
6. Тогаш му рече Господ Бог на Каина: "Зошто се огорчи? Зошто се помрачи лицето твое?
7. Зарем, кога правиш добро, не го креваш ли лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата: тој те влече кон себе, но ти надвладај го!"
8. И му рече Каин на својот брат Авела: "Да појдеме в поле!" А кога беа во полето, Каин скокна на Авела, братот свој, и го уби.
9. Тогаш му рече Господ Бог на Каина: "Каде е братот твој, Авел?" А тој одговори: "Не знам; зар сум јас чувар на братот мој?"
10. А Господ рече: "Што направи? Чуј! Гласот на крвта од братот твој вика од земјата кон Мене.
11. Затоа да си проклет од земјата, што ја отвори устата своја да ја прими крвта на братот од раката твоја.
12. Кога ке ја обработуваш земјата, таа нема повеке да ти ја дава својата сила; ти ке бидеш изгнаник и скитник по земјата!"
13. А Каин му рече на Господа: "Казната моја е толку голема, што не може да се носи.
14. Ете, данес ме истеруваш од лицето на земјата, и од лицето Твое ке се кријам и ке бидам изгнаник и скитник по земјата: значи, секој што ке ме сретне, ке ме убие."
15. А Господ Бог му рече: "Тоа нема да се случи; оти, кој ке го убие Каина, седумпати ке се казни!" И му стави Господ Бог знак на Каина, за да не го убие никој, кој ке го сретне.
16. И си отиде Каин од пред лицето на Господа, и се насели како изгнаник во земјата Наит, источно од Едем.
17. И ја позна Каин жената своја, а таа забремени и го роди Еноха. Потоа соsида град и го нарече според името на својот син Енох.
18. На Еноха му се роди Гајдад; а Гајдад го роди Малелеила; Малелеил, пак, го роди Матусала, а Матусал го роди Ламеха.
19. Ламех зеде две жени: на едната и беше името Ада, а на другата Села.
20. Ада го роди Јовила, а од него се изродија оние, што пасат добиток и живеат под шатори.
21. А на братот негов името му беше Јувал; од него се народија гуслари и свирачи.
22. Села, пак, го роди Товела, кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо; а сестра на Товела му беше Ноема.
23. И им рече Ламех на жените свои, Ада и Села: "Чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушејте ги зборовите мои: ке убијам човек, кој ке ме рани, и младич, ако ме удри.
24. Ако Каин ке се одмазди седумпати, Ламех ке се одмазди седумдесет и седумпати!"
25. Адам, пак, ја позна жената своја, и таа му роди син, и му даде име Сит. Зашто рече: "Господ ми даде син место Авела, кого го уби Каин."
26. И на Сит му се роди син, кого го нарече Енос. Тогаш почна да се призовува името на Господа Бога.

  Genesis (4/50)