Genesis (39/50)  

1. А Јосифа го одведоа во Египет. И Петефри, дворјанинот Фараонов, заповедник на стражата, Египтјанин, го купи од Исмаилците, кои го доведоа таму.
2. И Господ беше со Јосифа, та затоа беше задоволен, и живееше во куката од господарот свој, Египтјанинот.
3. И господарот негов виде дека е Господ со него и дека се што работеше тој, Господ правеше да успева во рацете негови.
4. И Јосиф се здоби со милост кај овој господар, и му угодуваше. Најпосле го постави над целиот свој дом, и се што имаше, го предаде во рацете негови.
5. А кога го постави над домот свој и над се што имаше, оттогаш Господ го благослови домот на Египтјанинот заради Јосифа; и благословот Господов беше над се, што имаше во куката и во полето негово.
6. И остави во Јосифовите раце се за што имаше, и не се грижеше веке за друго, освен за лебот, што го јадеше сам. А Јосиф беше со убава става и со красиво лице.
7. И се случи, по некое време, жената на господарот негов, да се загледа во Јосифа, и му рече: "Легни со мене!"
8. А тој одби и и рече на жената од господарот свој: "Ете, господарот мој не се грижи веке за ништо што има во куката, туку се што имаше, ми го предаде мене во рацете.
9. Ни самиот не е поголем од мене во својот дом; и тој ништо не ми забранил, освен тебе, зашто си му жена; па како јас да направам толку големо зло и да грешам пред Бога?"
10. И така таа му зборуваше на Јосифа за тоа секој ден, но тој не ја послуша да легне со неа, ниту да се задржува кај неа.
11. Се случи еден ден тој да дојде во куката по своја работа, а таму дома да нема никого од домашните.
12. Тогаш таа го фати за облеката и му рече: "Легни со мене!" Но тој, оставајке ја облеката своја во рацете нејзини, избега и си отиде.
13. А таа, кога виде дека тој ја остави во рацете нејзини облеката своја и избега,
14. ги викна своите домашни, па им рече, велејки: "Гледајте, ни довел човек Евреин за да не срамоти. Дојде при мене и рече: ‘Легни со мене!‘ Но јас извикав на сиот глас.
15. А тој, кога чу дека го подигнав гласот и извикав, ја остави облеката своја кај мене и избега, па си отиде."
16. И таа ја задржа облеката негова кај себе, додека си дојде господарот во домот свој.
17. А тогаш и нему му ја кажа истата работа, велејки: "Слугата Евреинот, што го доведе кај нас, дојде кај мене да ме срамоти и ми рече: ‘Да бидам со тебе!‘
18. Но кога чу дека подигнав глас и извикав, тој ја остави облеката своја кај мене и си избега."
19. Кога ги чу господарот негов зборовите на жената своја, која му рече: "Ова ми го направи слугата твој," - се разгневи многу.
20. И го фати господарот Јосифа, па го фрли в затвор, каде што лежеа затворениците царски. И тој остана таму, во затворот.
21. Но Господ беше со Јосифа и излеа милост Своја над него и направи да му омили на старешината на затворската стража.
22. И му ги довери началникот на затворската стража на Јосифа сите затвореници во затворот; и се што требаше да се сврши, тој го вршеше.
23. И старешината на затоврот не надгледуваше ништо: се беше во Јосифовите раце, зашто Господ беше со него; и се што правеше, Господ делуваше да успева во рацете негови.

  Genesis (39/50)