Genesis (37/50)  

1. Јаков живееше во земјата, во која беше придојден неговиот татко Исак, во земјата Хананска.
2. Еве го животот на Јакова: кога беше на седумнаесетгодишна возраст Јосиф го пасеше добитокот на татка си со браката свои, со синовите на Вала и со синовите на Зелфа, жените на неговиот татко. Јосиф му носеше лоши гласови на татка си за нив.
3. А Јаков го сакаше Јосифа многу повеке од сите синови свои, зашто му се роди под староста, и му направи шарена облека.
4. А браката, гледајки дека таткото нивни го сака многу повеке од сите синови свои, го замразија, така што не можеа убав збор да му кажат.
5. Притоа Јосиф сони сон и им го раскажа на браката свои.
6. И им рече: "Чујте го сонот што го сонив -
7. врзуваме снопја во полето, и одеднаш мојот сноп се исправи, и застана прав, а вашите снопови се распоредија наоколу и му се поклонија на снопот мој."
8. Тогаш браката му рекоа: "Да не би ке станеш уште цар наш и да ни заповедаш?" Затоа уште повеке го замразија, поради соништата негови и поради зборовите негови.
9. Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа на татка си и на браката свои, велејки: "Видов и уште еден сон, а тоа - сонцето и месечината и единаесетте sвезди ми се клањаа."
10. Но татко му го прекори и рече: "Каков е тој сон што си го сонил? Зар јас и мајката твоја, и браката твои, ке дојдеме тебе да ти се поклониме доземи?"
11. И му позавидоа браката негови; но таткото негов ги чуваше тие зборови.
12. Еднаш браката негови отидоа да ги пасат стадата на таткото нивни кај Сихем.
13. Тогаш Израил му рече на Јосифа: "Браката твои не го пасат ли доботокот кај Сихем? Ајде да те испратам при нив." А тој рече: "Добро, одам."
14. И уште му рече Израил: "Отиди и види како се браката твои и како е добитокот, па јави ми." И го испрати од долината Хевронска; и тој отиде во Сихем.
15. И човек еден го најде како скита по полето, па го запраша, велејки му: "Што бараш?"
16. А тој одговори: "Ги барам браката мои; кажи ми, те молам, каде го пасат добитокот?"
17. А човекот рече: "Тие си заминаа одовде, зашто чув како велат - ајде да одиме во Дотаим." И отиде Јосиф по браката свои, и ги најде во Дотаим.
18. А тие го видоа оддалеку; и, пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат.
19. И си рекоа поме у себе: "Ене оној што сонува, иде.
20. Ајде сега да го убиеме и да го фрлиме во некоја од овие јами, па ке речеме - лута sверка го изеде. Тогаш ке видиме што ке стане од неговите соништа."
21. Но, кога го чу тоа Рувим, се обиде да го спаси од рацете нивни, па рече: "Да не го убиваме!"
22. И уште им рече Рувим: "Крв да не пролеваме; фрлете го во една од овите јами во пустињата, но не кревајте рака на него." А тој сакаше да го спаси од рацете нивни и да го одведе кај татка му.
23. И кога Јосиф дојде кај браката свои, тие му ја соблекоа облеката шарена, што ја имаше на себе.
24. И го фарија, па го фрлија во една јама; а јамата беше празна; немаше вода во неа.
25. Потоа седнаа да јадат леб. И кревајки ги очите, видоа Исмаилци како доа аат од Галад со камилите свои, натоварени со миризливи растенија, балсам и смирна; го пренесуваа тоа во Египет.
26. Им рече Јуда на браката свои: "Каква полза ке имаме, ако го убиеме братот наш и ја сокриеме крвта негова?
27. Ајде да им го продадеме на овие Исмаилци, па да не клаваме рака на него, зашто брат ни е, наша крв е." И го послушаа браката негови.
28. Па кога трговците Мадијамски минуваа покрај нив, тие го извадија Јосифа од јамата и им го продадоа на Исмаилците за дваесет златници; а овие го одведоа Јосифа во Египет.
29. А кога се врати Рувим кај јамата, Јосифа го немаше во јамата. Тогаш тој ја раскина облеката своја.
30. И отиде кај браката свои и рече: "Го нема момчето: а сега, каде да се денам јас?"
31. Тогаш ја зедоа облеката Јосифова, и заклаа јаре, па ја натопија облеката со крв.
32. И ја испратија шарената облека да се однесе на нивниот татко и да се рече: "Ја најдовме оваа облека, па види дали е тоа облеката на синот твој, или не?"
33. А тој ја позна и рече: "Облеката е на мојот син, sверка лута го изела; Јосиф е, навистина, растргнат."
34. И ја раскина Јаков облеката своја, па се препаша со покајнички кострет околу себе; и тагуваше по синот свој многу дни.
35. И се собраа сите синови негови и керки негови да го тешат; но тој не можеше да се утеши, туку велеше: "Со тага во адот ке појдам по синот мој." Така го оплакуваше таткото негов.
36. А Мадијамците го продадоа Јосифа во Египет на Петефри, дворјанин на Фараонот, заповедник на стражата.

  Genesis (37/50)