Genesis (34/50)  

1. Дина, керката на Лија, која му ја роди на Јакова, излезе за да ги види девојките во тој крај.
2. Но ја виде Сихем, синот на Емореецот, кнез на таа земја, ја зеде и спа со неа, и ја осрамоти.
3. И му се припи срцето негово за Дина, керката на Јакова, и тој ја засака девојката, и гледаше да ја придобие.
4. И му рече Сихем на Емора, таткото свој, велејки: "Ожени ме со онаа девојка!"
5. А Јаков чу дека синот Еморов ја осрамотил Дина, керката негова; но, бидејки синовите негови беа в поле со добитокот негов, Јаков замолча додека не дојдат тие.
6. Тогаш Емор, таткото Сихемов, отиде кај Јакова да поразговара со него.
7. А кога дојдоа синовите на Јакова од полето и слушнаа што станало, силно се нажалостија и огорчија многу, зашто тој му нанел срам на Израилот, преспивајки со керката на Јакова, што не требаше да го направи.
8. А Емор им рече, велејки: "Синот мој Сихем од срце ја засака вашата керка. Дајте му ја за жена!
9. И посватете се со нас; керките ваши мажете ги за нас и со керките наши женете се.
10. Па живејте со нас, и земјата е пред вас; населувајте ја, движете се слободно и создавајте свои имоти."
11. А Сихем му рече на таткото на девојката и на браката нејзини: "Само да најдам милост пред очите ваши, и ке ви дадам се што ке ми кажете.
12. Побарајте најголем откуп и дарови: јас ке ви дадам се, што и да ми кажете; само дајте ми ја момата за жена."
13. А синовите на Јакова му одговорија на Сихема, и на таткото негов, неискрено. А така одговорија, бидејки беше ја осрамотил Дина, сестрата нивна.
14. И им рекоа: "Не можеме тоа да го направиме, да ја дадеме сестрата наша за човек необразан, зашто тоа е срамно за нас.
15. Но ке се согласиме со вас и ке се населиме кај вас, само ако сакате да се изедначите со нас и да ги обрежете сите ваши машки.
16. Тогаш ке ги мажиме нашите керки за вас и ке се жениме со вашите керки, ке се населиме кај вас и ке станеме еден народ.
17. А ако не не послушате да се обрежете, ние ке ја земеме нашата керка и ке си отидеме."
18. И по воља им беа зборовите нивни на Емора и на Сихема, неговиот син.
19. И момчето, не двоумејки се, го направи тоа веднаш, бидејки многу ја засака керката на Јакова. А тој беше најпочитуван ме у своите во домот на неговиот татко.
20. И застана Емор и син му Сихем пред портите од нивниот град, и им рекоа на жителите од својот град, велејки:
21. "Овие лу е се мирни, сакаат да се населат во оваа зења и слободно да се движат по неа; а еве - земја има и за нив. Па нека ги земаме нивните керки за жени, а и нашите да им го даваме ним.
22. Но се согласуваат со нас така да живеат и да станеме еден народ, само ако сите машки ме у нас се обрежат, како што се тие обрезани.
23. Нивните стада и нивниот имот и сиот нивни добиток нема ли да бидат и наши? Само да се согласиме со нив, и тие ке останат со нас."
24. И сите што излегуваа од портите на градот нивни го послушаа Емора и Сихема, синот негов; и се обрезаа сите машки.
25. А на третиот ден, додека тие уште беа во болки, двајцата синови Јаковови, Симеон и Левиј, браката на Дина, го зедоа секој својот меч и слободно влегоа во градот и ги изубија сите машки.
26. Го погубија и Емора, и синот негов Сихем, со остар меч, и, откако ја зедоа Дина од домот на Сихема, си отидоа.
27. Тогаш дојдоа синовите на Јакова кај убиените, и го ограбија градот, зашто во него беше осрамотена сестрата нивна.
28. И ги зедоа овците нивни, и добитокот нивни, и ослите нивни, се што беше во градот и се што имаше во полето.
29. И сето богатство нивно, и децата и жените нивни ги пленија, и ограбија се, што имаше во градот и во куките.
30. Тогаш Јаков им рече на Симеона и на Левиј: "Ме смутивте и ме омразивте кај народот од оваа земја, кај Хананејците и Ферезејците. Јас имам малку лу е; тие ке се соберат против мене, ке ме убијат, та ке бидам истребен јас и домот мој."
31. А тие рекоа: "Зар со сестрата наша да постапуваат како со блудница?"

  Genesis (34/50)