Genesis (31/50)  

1. Во тоа време чу Јаков дека синовите Лаванови зборуваат : "Јаков зеде се, што беше на нашиот татко, и од она што беше на нашиот татко, го доби тоа цело богатство.
2. И виде Јаков дека лицето на Лавана не е спрема него како вчера и завчера.
3. И му рече Господ на Јакова : "Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ке бидам со тебе!"
4. Тогаш испрати Јаков, и ги повикаа Рахил и Лија од полето, каде што беше стадото,
5. и им рече : "Гледам дека лицето на вашиот татко не е спрема мене како вчера и завчера; но Бог на таткото мој беше со мене.
6. Вие самите знаете дека на вашиот татко му служев со сета своја сила,
7. а таткото ваш ме лажеше и десетпати ми ја мени платата, но Бог не му дозволи да ми направи зло.
8. Кога тој ке речеше - секоја шарена нека биде твоја награда, - тогаш сите се ра аа шарени. А кога ке речеше - секоја пружеста да ти биде плата - тогаше сите се ра аа пружести.
9. Така Бог го одзеде добитокот од вашиот татко и ми го даде мене.
10. Еднаш, кога се пареше доботокот, ги кренав очите мои и видов сон, а тоа - овните и јарците што скокаа на овците и козите беа пружести, наместа бели и шарени.
11. И ангел Божји ми рече во сонот : "Јакове!" А јас одговорив : "Еве ме!"
12. А тој рече: "Крени ги очите твои и погледај, овните и јарците што скокаат на овците и козите, се пружести, со бели дамки и шарени; оти гледам се што ти прави Лаван.
13. Јас сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде што го прели каменот и ми направи таму завет; стани сега и оди си од оваа земја, и врати се во родниот крај и ке бидам со тебе."
14. Тогаш одговорија Рахил и Лија, и му рекоа : "Дали имаме уште некаков дел од наследството во домот од таткото наш?
15. Зарем не не сметаше како ту инки? Тој не продаде и го изеде нашето сребро.
16. Сето ова богатство и слава, што му ги зеде Бог на таткото наш, ке биде наше и на нашите деца. Затоа сега прави онака како што ти рекол Бог."
17. И се крена Јаков, па ги качи децата свои и жените свои на камили;
18. и го зеде со себе сиот свој добиток, и целото свое богатство, што го беше придобил во Месопотамија, за да појде кај Исака, таткото негов, во земјата Хананска.
19. А Лаван беше отишол да ги стриже овците свои; тогаш Рахил му ги украде идолите на таткото свој.
20. И Јаков затаи од Лавана Арамеецот, не јавувајки му дека ке си оди.
21. И си замина тој со целото богатство свое, и се крена и премина преку реката, па се упати кон гората Галад.
22. На третиот ден му јавија на Лавана Арамеецот дека Јаков побегнал.
23. И ги зеде со себе синовите и браката свои, па тргна по него во потера, и по седум дена го стигна во гората Галад.
24. Но Бог му дојде на Лавана Арамеецот ноке во сон, и му рече: "Пази се, не зборувај му на Јакова лошо!"
25. И го настигна Лаван Јакова; а Јаков ги беше распнал шаторите свои во гората. А и Лаван исто така ги распна со сродниците свои во гората Галад.
26. И Лаван му рече на Јакова : "Што направи? Зошто ме излага и ги одведе керките мои, како со оружје грабнати?
27. Зошто тајно избега и скришум отиде од мене? Ако ми кажеше, јас ке те испратев со веселба и со песни, со тимпани и гусли?
28. Ти не ме удостои дури ни да ги бакнам внуците мои и керките мои? Постапи навистина неразумно.
29. Сега можам да постапам лошо со тебе. Но Бог на вашиот татко ми рече нокеска, велејки : - ‘Пази се, на Јакова не зборувај му лошо.‘
30. Оди си, значи, кога толку си се зажелел да се најдеше во куката таткова - но зошто ги украде идолите мои?"
31. А Јаков му одговори на Лавана и рече : "Се плашев, оти помислив дека насила ке ми ги грабнеш керките свои од мене, и се мое."
32. И рече Јаков : "Кај кого ке ги најдеш идолите твои, тој нека не живее повеке; пред нашите сродници барај го она, што е твое кај мене." Но тој ништо не најде кај него, а Јаков, пак, не знаеше дека Рахил, жената негова, ги украла.
33. И влезе Лаван и ги пребара во шаторот на Јакова и во шаторот Лиин и во шаторот на двете робинки, и не ги најде. Па, откако излезе од шаторот на Лија, влезе во шаторот на Рахил.
34. А Рахил беше ги зела идолите и ги сокрила под седлото на една од камилите и беше седнала на нив.
35. А таа му рече на таткото свој : "Немој да се налутиш, господару мој, што не можам да станам пред тебе, оти го имам она што е кај жените обично. И ги бараше Лаван по целиот шатор, но не ги најде идолите свои.
36. И Јаков се налути, па се скара со Лавана и, велејки, му рече : "Што сум направил, што сум згрешил, па толку жестоко ме гониш?
37. Ги пребара сите работи мои, и што најде од куката твоја? Покажи овде пред моите и пред твоите сродници, и тие нека пресудат ме у нас двајцата.
38. Еве, дваесет години бев кај тебе: овците твои и козите твои не се јаловеа; а овни од твоето стадо не јадев.
39. Што ке заколеа sверовите, не ти го носев, сам го надоместував; од мене го бараше она, што ке беше загубено дење или ноке.
40. Дење ме изнуруваше горештината, а ноке мрзнев; и сонот ми бегаше од очите.
41. Такви ми беа дваесетте години во твојата кука. Ти служев четиринаесет години за двете керки твои и шест години за овците твои, и платата ми ја измени десетпати.
42. Да не беше со мене Бог на мојот татко, Бог Авраамов, и стравот од Исака со мене, ти секако би ме отпуштил празен. Но Бог ја виде мојата невоља и трудот на рацете мои, па те прекори вчера."
43. А Лаван му одговори на Јакова и рече: "Kерките се мои керки; децата се мои деца, добитокот е мој добиток и, се што гледаш, се е мое и на керките мои; па можам ли нешто да им направем ним и на децата што ги родија тие?
44. Туку ајде да склучиме сојуз јас и ти, и тоа нека биде сведоштво ме у мене и тебе!" А Јаков му рече: "Никого нема со нас. Бог е сведок ме у мене и тебе."
45. Тогаш Јаков зеде камен и го постави за спомен.
46. И им рече Јаков на сродниците свои: "Соберете камења!" И Насобраа камења и ги нафрлија на куп, и јадеа таму на купот. Му рече Лаван: "Оваа грамада денес сведочи ме у мене и тебе."
47. Лаван го нарече купот Јегар - Сахадут, односно грамада сведоштво. А Јаков го нарече Галад, т.е. грамада сведок.
48. И му рече Јаков на Лавана: "Овој куп и овој камен што го поставив ме у мене и тебе ке сведочи пред мене и тебе и затоа се нарече со името Галад."
49. А се нарече и Миспа, оти Лаван рече: "Нека гледа Бог на мене и на тебе, откако ке се разделиме еден од друг.
50. Ако постапуваш со керките мои лошо или ако земаш други жени покрај керките мои, тоа, иако нема човек да биде ме у нас да гледа, ете, Бог е сведок ме у мене и тебе."
51. И уште му рече Лаван на Јакова: "Еве го овој куп, еве го овој споменик, што го поставив ме у тебе и мене;
52. овој спомени нека биде сведок дека ниту јас нема да мина преку овој куп кај тебе, ниту ти кај мене ке минеш преку овој куп и преку овој споменик за лошо.
53. Бог Авраамов и Бог Нахоров, нека суди ме у нас!" И Јаков се заколна во - стравот на неговиот татко Исака.
54. Тогаш Јаков закла жртва во гората, и ги повика сродниците свои; и тие јадеа, пиеја и нокеваа во гората.
55. А утрина стана Лаван, и ги бакна внучињата и керките свои, и ги благослови; па се врати Лаван и отиде во своето место.

  Genesis (31/50)