Genesis (29/50)  

1. Тогаш се крена Јаков и отиде во земјата на исток, кај Лавана, синот на Ватуила Арамеецот, братот на Ревека, мајката на Јакова и Исава.
2. Одеднаш забележа во полето извор; и ете три стада овци лежеа околу него, бидејки на тој извор се поеја стада. Но голем камен имаше над отворот од изворот.
3. И се собираа таму сите стада, го иставаа каменот од отворот на изворот и ги напојуваа овците, а потоа пак го ставаа каменот над отворот од изворот на неговото место.
4. Јаков им рече : "Од каде сте вие, брака?" Тие одговорија : "Од Харан сме."
5. А тој им рече : "Го познавате ли Лавана, синот Нахоров?" Тие рекоа : "Го познаваме."
6. Тој пак ги праша : "Здрав ли е?" Рекоа : "Здрав е, и еве Рахил, керката негова, иде со стадото."
7. И тој рече : "Ете, уште е рано и не е време добитокот да се прибира. Напојте ги овците, па одете и пасете ги!"
8. А тие рекоа : "Не можеме, додека не се соберат сите стада, за да се истави каменот од отворот над изворот, па тогаш ке ги напоиме овците."
9. Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахил со стадото од таткото нејзин, бидејки таа ги пасеше овците.
10. А кога ја виде Јаков Рахил, керката Лаванова, братот на мајка си, и стадото на Лавана, братот на мајка си, пристапи Јаков и го истави каменот од отворото на изворот, и го напои стадото на вујка си Лавана.
11. И ја целива Јаков Рахил, па извика и заплака.
12. Потоа и кажа на Рахил дека тој му е род на таткото нејзин и дека е син на Ревека, а таа оттрча, па го извести таткото свој.
13. А кога чу Лаван за Јакова, синот на неговата сестра, му излезе во пресрет, го прегрна и бакна, и го воведе во својот дом. А тој остана при него цел месец.
14. Лаван, пак, му рече : "Ти си навистина коска од моите коски и од мојата плот!" И тој остана при него цел месец.
15. Тогаш му рече Лаван на Јакова : "Зарем бесплатно ке ми служиш оти си ми род? Кажи ми, која да ти биде платата?"
16. А Лаван имаше две керки : на постарата и беше името Лија, а на помладата Рахил.
17. На Лија очите и беа болникави, а Рахил имаше убава става и убаво лице.
18. На Јакова му омиле Рахил, па рече : "Kе ти служам седум години за Рахил, твојата помала керка."
19. Тогаш Лаван рече : "Подобро тебе да ти ја дадам, отколку на друг; остани при мене!"
20. И отслужи Јаков за Рахил седум години, и тие му се причинија како неколку дена, зашто ја сакаше.
21. И му рече Јаков на Лавана : "Дај ми ја жената, зашто дојде времето да влезам при неа!"
22. И ги повика Лаван сите лу е од тоа место и направи сведбена гозба.
23. А вечерта ја зеде Лаван Лија, керката своја, и ја воведе кај Јакова, и Јаков влезе при неа.
24. И Лаван и ја даде Зелфа, слугинката своја, на Лија, керката своја, за да и биде слугинка.
25. А кога настана утрото, се виде дека тоа била Лија, па му рече Јаков на Лавана : "Што ми направи? Нели за Рахил ти слугував? Зошто ме измами?"
26. А Лаван му рече : "Не бива во нашето место да се омажи помалата пред постарата."
27. Помини оваа седмица со неа, па ке ти ја дадам и другата, за која ке ми слугуваш други седум години."
28. И Јаков направи така, и помина со неа една седмица. Потоа му ја даде Лаван за жена Рахил, керката своја.
29. И и ја даде Лаван слугинката своја Вала на Рахил, керката своја, за да и биде слугинка.
30. Тогаш Јаков влезе при Рахил. И Рахил повеке ја засака отколку Лија. И така му служеше на Лавана уште други седум години.
31. Кога виде Господ Бог, пак, дека Лија не е сакана, и ја отвори утробата нејзина, а Рахил остана неплодна.
32. Лија зачна и му роди син на Јакова, и го нарече Рувим, велејки : "Господ милостивно погледна на смирението мое, сега ке ме засака мажот мој."
33. И пак зачна, и роди син, па рече : "Господ чу дека не сум сакана, па ми го даде и овој." И го нарече Симеон.
34. И одново зачна, пак роди син и рече : "Сега веке ке ми се наклони мажот мој, оти му родив три сина!" Затоа му стави име Левиј.
35. А кога пак зачна, и роди син, рече : "Сега ке го восфалам Господа!" Затоа го нарече Јуда. И престана да ра а.

  Genesis (29/50)