Genesis (27/50)  

1. Кога Исак остаре и му ослабе видот на очите, та не гледаше, го повика постариот син свој Исава, и му рече: "Сине мој!" А тој одговори: "Еве ме."
2. И рече Исак: "Еве остарев и не го знам денот на смртта.
3. Земи ја сега спремата своја, лакот и стрелите, и излези в поле, и улови ми дивеч!
4. Па зготви ми јадење какво што сакам, и донеси ми да јадам, и да те благослови душата моја, пред да умрам."
5. А Ревека чу што му рече Исак на синот свој Исава; и Исав отиде в поле да улови дивеч за својот татко.
6. Ревека, пак, му рече на Јакова, помалиот син свој, велејки: "Ете, го чув татко ти, како разговараше со Исава, братот твој, и дека рече -
7. "Донеси ми дивеч и зготви ми јадење, да јадам, па да те благословам пред Господа, пред да умрам."
8. Туку сега, синко мој, послушај ме што ке ти речам:
9. "Оди при стадото и донеси оттаму две млади и добри јаганца; и јас ке му зготвам јадење од нив, какво што сака;
10. а ти ке му однесеш на татка ти, и тој ке јаде, па ке те благослови таткото твој дури е уште жив."
11. А Јаков и рече на Ревека, мајката своја: "Но Исав, братот мој, е рунтав, а јас сум човек гладок.
12. Може татко ми да ме попипа, па пред очите негови ке станам измамник, и место благослов ке навлечам врз себе проклетство."
13. А мајка му одговори: "Проклетството твое, синко, нека падне на мене; само послушај ме, и оди, па донеси ми!"
14. Тогаш тој отиде, зеде и и донесе на мајка си своја; а мајка му негова зготви јадење, какво што јадеше татко му.
15. Па потоа ја зеде Ревека најубавата облека на постариот син Исава, што беше кај неа дома, и го облече Јакова, помладиот нејзин син,
16. а рацете негови и голиот врат му го обложи со јарешки кожички.
17. И му го даде на Јакова, синот свој, в раце јадењето и лебот, што го беше зготвила.
18. А тој влезе при татка си и му рече: "Татко!" А тој одговори: "Еве ме! Кој си ти, синко?"
19. Јаков, пак, му рече на татка си: "Јас сум Исав, твојот првороден син; направив, како што ми рече; стани, седни и јади од ловот мој, па да ме благослови душата твоја."
20. А Исак му рече на синот свој: "Кога толку бргу најде, синко мој?" А тој одговори: "Господ, твојот Бог, беше милостив."
21. Тогаш му рече Исак на Јакова: "Дојди поблизу, синко мој, да те попипам и да видам дали си ти, синот мој Исав, или не!"
22. И пристапи Јаков до Исака, таткото свој, а тој го попипа, па рече: "Гласот е глас на Јакова, но рацете се раце Исавови."
23. И не го позна, зашто рацете му беа како рацете на Исава, братот негов, рунтави. И го благослови,
24. и му рече: "Ти ли си синот мој Исав?" А тој одговори: "Јас сум."
25. Тогаш рече: "Дај ми сега, синко, да јадам од ловот твој, па да те благослови душата моја." И му даде и тој јаде; па му донесе и вино, и пи.
26. Потоа Исак, таткото негов, му рече: "Приближи се до мене и целивај ме, синко!"
27. И тој пристапи и го целива; Исак го почувствува мирисот од облеката негова, и го благослови, велејки: "Еве, мирисот на синот мој е како мирис од полето, што го благословил Господ.
28. Бог нека ти даде роса небеска и родна земја: многу пченица и вино во изобилие!
29. Народи да ти слугуваат и кнезови да ти се клањаат! Да бидеш господар над братот свој и да ти се клањаат синовите на таткото твој! Проклет да биде оној, што тебе те проколнува, а благословен - оној што тебе ке те благословува!"
30. Па откако Исак го благослови Јакова, и Јаков отиде од Исака, таткото свој, во тој час дојде од лов Исав, братот негов.
31. И тој му зготви јадење и му однесе на татка си, и му рече: "Стани, татко, и јади од она што синот твој улови, за да ме благослови душата твоја!"
32. И Исак, таткото негов, му рече: "Кој си ти?" А тој рече: "Јас сум синот твој, првородениот Исав."
33. Тогаш Исак премногу се возбуди и рече: "А кој беше оној, кој уловил лов и ми донесе од се, и јас јадев, пред да дојдеш ти, и го благословив? Тој и ке остане благословен."
34. А кога ги чу Исав зборовите на таткото негов, извика на сиот глас и многу се нажали, па рече: "Благослови ме и мене, татко!"
35. А тој му одговори: "Дојде братот твој со измама, и го зеде твојот благослов,"
36. Исав, пак, рече: "Сигурно затоа му е името Јаков, еве веке двапати ме истисна. Првородството ми го зеде, а сега и благословот ми го зеде. И му рече - Исав на татка си: "Не остави ли благослов и за мене?"
37. И Исак одговори и му рече на Исава: "Него веке го поставив за господар над тебе; и сите брака негови ги определив да му бидат слуги; со жито и вино го обдарив; а што да направам сега, синко, со тебе?"
38. Но Исав му рече на татка си: "Зар само еден благослов има кај тебе, татко? Благослови ме и мене, татко!". Бидејки Исак молчеше, Исав извика на сиот глас и заплака.
39. Тогаш Исак, таткото негов, одговарајки му рече : "Ете, домот твој ке биде од плодна земја и од роса небеска одозгора.
40. Од мечот свој ке живееш, и на брата ти ке му служиш; но еднаш, кога ке се побуниш, ке го стресеш јаремот негов од вратот свој."
41. Тогаш Исав го намрази Јакова поради благословот, со кој го беше благословил татко му; и си рече Исав во срцето свое: "Се наближуваат деновите на оплакувањето за таткото мој; тогаш ке го убијам Јакова, братот мој."
42. И и кажаа на Ревека зборовите од Исава, постариот нејзин син, а таа испрати, па го повика Јакова, помалиот син нејзин, и му рече : "Братот твој Исав се заканува дека сака да те убие.
43. Затоа, синко, послушај ме сега : - Стани и бегај во Месопотамија кај Лавана, братот мој, во Харан,
44. и живеј при него некое време, додека му минат гневот и лутината на братот твој;
45. и додека тој не заборави што си му направил. А тогаш, јас ке пратам, да те доведат оттаму. Зошто да останам без вас днајцата во еден ден?"
46. А на Исака Ревека му рече : "Ми омрзна животот поради керките хетејски. А ако земе Јаков жена од керките хетејски, тогаш зошто ми е животот?"

  Genesis (27/50)