Genesis (26/50)  

1. Но настана глад на земјата покрај оној што беше во Авраамовото време; и Исак отиде при Авимелеха, царот Филистејски, во Герар.
2. И му се јави Господ и рече: "Не оди во Египет, туку живеј во земјата, кој ке ти ја покажам."
3. Настани се во таа замја и Јас ке бидам со тебе, и ке те благословам; зашто тебе и на потомството твое ке ви ја дадам сета таа замја, и ке ја потврдам клетвата, со која му се заколнав на Авраама, таткото твој;
4. и ке го умножам потомството твое како sвездите на небото, и ке му ја дадам на потомството твое сета таа замја и ке се благословат преку потомството твое сите народи земни.
5. Бидејки татко ти Авраам го послуша гласот Мој и се покоруваше на заповедите Мои, на законите Мои и на наредбите Мои."
6. И остана Исак во Герар.
7. А лу ето во тоа место прашуваа за жената негова, а тој велеше - ‘сестра ми е‘ - оти се плашеше да каже - ‘Жена ми е‘ - за да не го убијат лу ето од тоа место заради Ревека, бидејки таа беше убава.
8. Но откако мина многу време таму, се случи Авимелех, царот герарски, да погледа низ прозорец, и да го види Исака како се шегува со Ревека, жената своја.
9. И го викна Авимелех Исака и му рече: "Па, таа ти била жена; а зошто рече - ‘Сестра ми е?‘" - А Исак му одговори: "Оти помислив дека ке загинам поради неа."
10. Авимелех тогаш му рече: "Што ни направи? Лесно можеше да се случи некој од надвор да легне со твојата жена, и ке не воведеше во грев."
11. И му заповеда Авимелех на сиот народ свој, велејки: "Кој ке се допре до овој човек или до жената негова, ке загине!"
12. И Исак почна да сее во таа земја, и таа година доби стопати повеке јачмен. Господ го благослови.
13. И човекот се издигна и стануваше се поголем додека не стана многу богат.
14. И се здоби со многу овци и говеда и ниви, така што Филистејците почнаа да му завидуваат.
15. Па сите извори, што ги беа ископале татковите му слуги при животот на неговиот татко Авраама, Филистејците ги затрупаа со земја.
16. И Авимелех му рече на Исака: "Оди си од кај нас, зашто стана многу посилен од нас!"
17. Тогаш Исак си отиде оттаму, и ги распна шаторите свои во долината Герарска, и се насели таму.
18. И почна Исак да ги откопува изворите, што беа ископани од слугите на Авраама, таткото негов, а кои ги беа затрупале Филистејците по смртта на Авраама, таткото негов; и ги нарече со истите имиња, што им ги беше дал неговиот татко.
19. И копајки, слугите Исакови во долината Герарска, најдоа извор со жива вода.
20. Па се скараа пастирите Герарски со пастирите Исакови, велејки: "Водата е наша." И му кладе име на тој извор Есек, зашто се скараа околу него.
21. Откако замина оттаму, Исак ископа друг извор, и околу него се скараа. Затоа него го нарече Ситна.
22. Тогаш се крена оттаму, и ископа нов извор, а околу него немаше караница; затоа го нарече Реховот, велејки: "Оти Годпод ни даде простор за да се размножиме во оваа земја."
23. А оттаму мина тој во Вирсавија.
24. И истата нок му се јави Бог, и му рече: "Јас сум Бог на Авраама, таткото твој. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе, ке те благословам и ке го умножам потомството твое заради Авраама, таткото твој."
25. И направи тој таму жртвеник, и Го призва името Господово. И таму го распна шаторот свој, а слугите Исакови ископаа извор таму, во долината Герарска.
26. Тогаш дојде при него Авимелех од Герар со Охозат, пријателот свој, и со Фихол, војводата свој.
27. А Исак им рече: "Зошто дојдовте при мене кога ме мразите и ме истеравте од кај вас?"
28. А тие одговорија: "Видовме дека Господ Бог е навистина со тебе, па рековме - да положиме ме у тебе и нас клетва и да склучиме со тебе сојуз:
29. да не ни правиш зло, бидејки и ние тебе не те допревме и ти правевме само добро, и те пуштивме да си одиш со мир; и ете, сега си благословен од Господа."
30. Тогаш тој им приреди гозба; па јадеа и пиеја.
31. А уредента, откако станаа рано, се заколнаа еден на друг, и ги отпушти Исак, и тие отидоа од него со мир.
32. Истиот ден дојдоа слугите Исакови и му кажаа за изворот, што го ископаа, и му рекоа: "Најдовме вода."
33. И тој го нарече Вирсавија и поради ова и се вика оној град Вирсавија и до ден денешен.
34. А кога имаше Исав четириесет години, се ожени со Јудита, керка на Хетеецот Веох, и со Васемата, керка на Хетеецот Елон.
35. А тие станаа тегоба за Исака и Ревека.

  Genesis (26/50)